Папата Фрањо: Јас сум тој кој одлучува со кого ќе се сретнам!

Ватикан, 14.7.2013 /к.мк/ – На новиот стил на папата Фрањо во Ватикан се уште сите не се навикнати. Неговиот начин на работа има понекогаш потешкотии со долгогодишните „шефови“ во служба на Светата Столица. Ова се дознава од еден телефонски разговор на папата Фрањо со неговиот долгогодишен аргентински пријател, писателот и новинар Хорхе Мила.

Папата Фрањо нагласи дека не дозволува неговата работна агенда да биде диктирана од секретарите. Јас сум тој кој одлучува со кого ќе се сретнам, а не моите секретари…. Некогаш не можам да се сретнам со оние кои сакам, бидејќи морам да се сретнам со оние кои ме бараат“.

Таа реченици ме погоди многу, вели Хорхе Мила. Јас, кој не сум Папа и ја немам неговата власт, се чувствувам дека срцето се возбудува кога очекува почитуван пријател и не знам дали би му дал предност на некој друг на негово место. Тој напротив, си ја скратува средбата, која ја посакува за да се сретне со оние кои го бараат. Разговорот објавен на интернет страната www.terredamerica.com.

Истовремено од телефонскиот разговор со неговиот поранешен ученик Мила се дознава, дека папата Фрањо за Бенедикт XVI ќе каже: не размислувам да се откажам од совети на еден таков човек, тоа би било глупо од моја страна! Папата Фрањо искажува воодушевување за „скромноста и мудроста“ на неговиот претходник.

Извор: Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<