Папата Фрањо: Човекот не е средство, туку цел

Во ера на „големи достигнувања и надежи”, не недостасуваат управители и власти кои промовираат „култура на отфрлање”, со тенденција таа да стане „нормален начин на размислување”. Жртви на оваа култура се имено „најслабите и ранливите човечки битија – новороденчињата, најсиромашните, старите и болните, лицата со хендикеп – кои се во опасност да бидат отфрлени од еден механизам кој сака да дејствува по секоја цена”, истакна папата Фрањо за време на средбата со делегација од Институтот „Dignitatis Humanae”, кои ги прими во сабота 7 декември.

Тој лажен модел на човекот и општеството создава практичен атеизам, негирајќи го Словото Божјо кое вели: „Да создадеме човек според нашиот образ и подобие“ истакна Светиот Отец и додаде: Ако дозволиме Словото Божјо да управува со нашиот начин на размислување и однесување, нашите мерила, приоритети и одлуки, работите можат да се променат. Силата на тоа Слово му става граница на секој оној кој сака да спроведува хегемонија, кршејќи ги правата и достоинството на другите лица. Во исто време дава надеж и утеха на оние кои не се способни да се бранат, кои не поседуваат интелектуални и практични средства за да се истакне вредноста на нивното трпење, нивните права и нивниот живот.

Папата Фрањо посака социјалната наука на Црквата „со својот сеопфатен поглед за човекот како индивидуално и општествено битие”, да служи за пример, бидејќи во неа се содржи „правото на верската слобода, заштита на животот во сите негови фази, правото работа и тоа на достојна работа, заштита на семејството и право на образование”. Според Светиот Отец добредојдени се сите оние иницијативи кои имаат за цел да „помогнат на луѓето, општествата и институциите да го откријат етичкото и социјално значење на принципот на човечкото достоинство, кое е основа за слободата и правдата”.

На крајот папата Фрањо истакна дека има многумина, кои се убедени дека „кон човекот треба да се оденсува не како со средство, туку како цел.“

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот