Папата Фрањо: Црквата не е тврда и строга, таа е слободна

Црквата не е тврда; Црквата е слободна – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 5 јуни во капелата на домот Света Марта. Папата ги спомна униформистите, алтернативците и бизнисмените, три групи на луѓе кои сакаат да се сметат за христијани, но Црквата не е нивен дом, туку закупено сместување, истакна Светиот Отец.

Засновајќи ја својата проповед на евангелскиот дел кој литургијата го предлага за денешниот ден, папата Фрањо зборуваше за единството на Црквата и кажа дека многумина се сметаат дека се во Црквата, но со едната нога се надвор од неа, додека некои други уште и не влегле. Така си разервираат две места: внатре и надвор. За нив – вели Папата – Црквата не е дом; не ја чувствуваат како таква, туку за нив е како закупено сместување. Постојат групи кои плаќаат сместување но не го сметаат за сопствен дом.

Постојат три такви групи – рече – првата се оние кои сакаат во Црквата сите да бидат еднакви, кои можеме да ги наречеме униформисти. Тие се тврди и ја немаат слободата која доаѓа од Светиот Дух и создаваат збрка помеѓу она што Исус го проповеда во Евангелието и сопственото научување или своето сопствено сфаќање за еднаквоста, а Исус никогаш не сакал Црквата да биде толку тврда и строга – рече. Тие се причините поради кои таквите не влегуваат во Црквата. Се изјаснуваат како христијани или како католици, но нивната сопствена строгост и тврдост ги одделуваат од Црквата.

Втората група се состои од оние кои постојано имаат свои сопствени идеи, кои нема да бидат оние кои се за Црквата карактеристични; тие секогаш имаат некаква алтернатива. Тие се алтернативци – кажа Светиот Отец. Станува збор за тоа што таквите во Црквата влегуваат со таа идеја; со таа идеологија и така нивната припадност на Црквата е само делумна. Во некој смисла живеат во Црквата, а такви имало и во почетоците на Црквата! Замислете само на гностиците кои свети Иван добро ги укорувал. Католици сме; да, но имаме такви и такви идеи. Не го делат мислењото кое го има Црквата – кажа Папата.

Трета група се состои од оние кои се изјаснуваат како христијани, но во Црквата не влегуваат со срце. Тие се бизнисмени и сметководители кои влегуваат во Црквата, но тоа го прават поради одредени лични интереси и предности и завршуваат на крајот со тоа дека во Црквата тргуваат – рече папата Фрањо. Добро ни се познати, но и нив ги има од самите почетоци на Црквата. Да се сетиме на Симон Маѓесникот, Ананиј и Сафира. Тие од Црквата заработуваат и се богатат, а ги среќаваме во епископските и парохиските заедници; во монашките заедници. Ги има и меѓу добротворите на Црквата; се прават добротвори, а зад грб извршуваат свои сопствени работи. Таквите Црквата не ги доживува како свои; како Мајка. Исус вели: Не, Црквата не е униформна; не е тврда и строга; Црквата е слободна! – рече Папата.

Во Црквата постојат многу каризми и различни луѓе и дарови на Духот! Господ ни вели: ако сакаш да влезеш во Црквата тоа нека биде од љубов и поради неа; онака искрено, а не поради сопствена корист. Црквата не е за изнајмување, туку за живеење и е како соспвената мајка. Тоа секако не е лесно – нагласи Папата – бидејќи искушенијата се многу, но постигнувањето на единство на различностите; единство на слободата и великодушноста во Црквата, е задача на Светиот Дух. Тој во Црквата создава согласност и единство. Сите меѓусебно сме различни; Му благодариме на Бога што сите не сме ист, иннаку тоа би било пекол! Но сите сме повикани на послушност кон Светиот Дух, а всушност Тој нѐ чува од тоа да не станеме тврди, алтернативци и бизнисмени во Црквата – покорноста на Светиот Дух!

Всушност таа послушност прави од закупен простор Црквата да стане сопствен дом за живеење. Нека Господ ни го испрати Светиот Дух и нека во нашите епископски, парохиски и монашки заедници, внесе хармонија, бидејќи Тој самиот е Хармонија – како што вели еден црковен Отец – посака на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот