Папата Фрањо: Христовото Воскресение нека се втисне во нашите срца
Доживувајќи го искуството на смртта и воскресението на својот Син со вера, гледајќи на тоа како на највозвишен израз на Божјата љубов, Срцето на Марија станало извор на мир, утеха, надеж и милосрдие – се зборовите на Светиот Отец кои на 21 април ги упати од прозорецот на Апостолската палата во краткиот говор пред молитвата Царица на небото на собраното мноштво во благодарността до Мајка Божја, Марија.
Папата ја повтори својата воскресна честитка: Христос воскресе! Навистина воскресе! И сега е меѓу нас! И кажа дека во текот на ова велигденска осмина можеме да разменуваме четитки, како да станува збор за само еден ден – ден кој го создаде Господ! Надвладевајќи нѐ чувството кое е просејано од евангелскиот извештај за воскресението, радоста е полна со чуда; и во литуријата ние таа состојба на учениците повторно ја доживуваме заради вестите донесени од жените: Исус воскресна! Го видовме! – рече Папата.
Да дозволиме тоа искуство втиснато во Евангелието, да се втисне и во нашето срце и да блеска и во нашиот живот. Нека е радосно чудото во Велигденската недела; големо чудо кое произлегува од внатре, вкоренето во мислите, погледот и однесувањето како и во гестовите и зборовите… За да бидеме така светли! Ова не е шминка – рече Папата – туку доаѓа од внатре; од срцето потопено во изворот на таа радост, како што било срцето на Марија Магдалена која плачела поради загубата на својот Господ и не верувала на своите очи гледајќи го дека воскреснал. Кој ќе го искуси тоа станува сведок на воскресението, затоа што во одредена смисла тој сам или таа сама воскреснал и воскреснала. Способен е да го понесе зракот на светлото на Воскреснатиот во различни ситуации на човечкиот живот: во оние среќните, правејќи ги прекрасни и лишени од себечност, како и оние тажните, носејќи ведрина и надеж – истакна папата Фрањо.
Добро ќе ни биде ако го земеме Евангелието и го прочитаме поглавието кое зборува за воскресението. Ќе биде исто така добро ако оваа недела размислуваме за радоста на Марија, Исусовата Мајка. Како што нејзината болка била интимна што и ја прободе душата, така интимна и длабока е и нејзината радост; и на неа подоцна можеле да се припојат учениците. Доживувајќи ја смртта и воскресението на својот Син со вера гледајќи на тоа како на највозвишен израз на Божјата љубов, Срцето на Марија станало извор на мир, утеха, надеж и милосрдие – рече Светиот Отец додавајќи дека сите особини кои се препишуваат на Марија, произлегуваат од тоа; од нејзиното учество во Исусовото Воскресение.
Таа со Него умрела; таа заедно со Него и воскреснала. Од петокот наутро до неделата не ја изгубила надежта: ја гледавме Мајката полна со болка, но истовремено и Мајка полна со надеж. Поради тоа таа е и Мајка на сите ученици и Мајка на Црквата и Мајка на надежта. Нејзе, тивок сведок на смртта и воскресението Исусово да ја молиме да нѐ воведе во воскресната радост. Тоа сега ќе го направиме молејќи ја Царице на Небото кое во велигденско време се моли наместо Ангел Господов.
Светиот Отец после молитвата Царице на Небото и благословот упати искрен поздрав до сите ходочасници од Италија и од разни други земји собрани на плоштадот, и им заблагодари за доаѓањето на ова – како што кажа – молитвена средба. Ги потсети присутните навистина да го побараат во Еванангелието поглавјето со извештајот кој зборува за Воскресението и секој ден да прочитат по еден дел затоа што тоа навистина ќе им користи. За секој од нас изразувам желба овој Светол Понеделник да помине во радост и ведрината на Христовото Воскресение.
РВ/Д.И.