Папата Фрањо: Христијанската слобода е во послушноста на Божјото Слово

Христијанската слобода е во послушноста на Божјото Слово – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 20 јануари во капелата на домот Света Марта. Папата истакна дека секогаш треба да бидеме подготвени да ја прифатиме новоста на Евангелието и изненадувањата од Бог.

Божјото Слово е живо и делотоворно, ги разбира чувствата и мислите на срцето – рече Светиот Отец на почетокот на проповедта и истакна дека е потребна послушност за прифаќање на Божјото Слово. Божјото Слово е живо, доаѓа и го кажуваат тоа што сакаат да го кажат, а не она што очекуваме да ми го кажат или за она за кое се надевам. Божјото Слово е слободно, но е и изненадување, затоа што нашиот Бог е Бог на изненадувања. Тоа е новсот – истакна Папата.

Евангелието е новост. Објавата е новост. Нашиот Бог секогаш прави нови работи, а од нас бара послушност на тие новости. Во поглед на тоа, Исус во Евангелието е многу јасен: ново вино во нови мевови. Бог донесува вино, но треба да го примиме со отварање кон новоста. А тоа се нарекува послушност. Можеме да се прашаме: Дали сум послушен на Божјото Слово или секогаш правам тоа што мислам дека е Божјо Слово. Или Божјото Слово го дестилирам и на крајот е нешто друго во однос на тоа што Бог сака да го направам? – праша Папата.

Ако тоа го правам, додаде, исто е како на старата облека да ставам нова крпа па ќе стане уште поголема дупка. Папата нагласи дека прифаќањето на Божјото Слово подразбира аскетски живот. Ако електричната направа сакам да ја приклучам на струја, а не одговара приклучокот, тогаш морам да барам прилагодувач. Мораме секогаш да настојуваме да се прилагодуваме на новоста на Божјото Слово. Саул, Божјот избраник и помазаник заборави дека Бог е изненадување и новост. Заборави затоа што бил преокупиран со своите мисли и шеми, размислувал на човечки начин – истакна папата Фрањо.

Коментирајќи го првото читање, потсети дека победникот во времето на Саул на Бог му жртвувал дел од пленот од војната: овие се убави животни за Бог – говорел Саул. Но така мислел затоа што се раководел според обичаите, а нашиот Бог е Бог на изненадувања, а не на обичаи! Саул не се покорил на Божјите зборови, не бил послушен. Самуел баш за тоа му замерил; му приговарал затоа што не го слушал Божјото Слово, дека бил поглавар, а не слуга; дека го „заробил“Божјото Слово. Побуна, непокорност на Божјото Слово е грев на „гатање.“ Тврдоглавост, непокорност на Божјото Слово е грев на идолопоклонство. Од тоа гледаме во што е христијанската слобода, што е христијанска послушност.

Христијанската слобода и христијанската покорност се состои во послушност на Божјото Слово; во способноста да станеме нови мевови, за тоа ново вино кое непрестано доаѓа; со храброст секогаш да идентификуваме: велам да распознаваме, а не да релативизираме. Да разликуваме што Светиот Дух прави во моето срце, што сака во моето срце, каде ме води. Покорност. Распознај и покори се. Денес молам за послушност на Божјото Слово, тоа живо и делотворно Слово, кои ги разбираат чувствата и мислите на срцата – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот