Апостолскиот нунциј Антоан Камилери, Паоло Рудели, Паоло Борџија и Исусовецот патер Михел Черни, потсекретар во Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријта за промовирање на целосен човечки развој, се имињата на новите четири епископи. Епископството е служба, а не чест – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија во базиликата Свети Петар во Ватикан, која ја служеше на 5 Октомври 2019 година
Навестувајте го вистинското Слово, не држете досадни говори, кои никој не ги разбира. Навестувајте го Божјото Слово и мислете на тоа дека епископот има две главни задачи: Молитвата и навестувањето на Словот, па дури потоа доаѓаат административните должности – рече Папата, обраќајки се на четирите нови епископи кои ги хиритониса за време на светата Литургија.
Папата ги потсети епископите дека епископството е име за служење, тоа не е некоја чест, затоа што епископот повеќе треба да служи, отколку да владее, според Исусовата заповед: „Кој сака да биде прв меѓу вас, нека биде последен и нека им служи на сите“.
Покрај тоа во својата работа епископот има три „близини“. Треба да биде близу до Бог преку молитвата, близу до свештениците и близу до народот. Не заборавајте дека сте избрани, изведени од стадото. Не заборавајте ги своите корени, оние кои ви ја пренеле верата, кој ви дадоа идентитет. Не го негирајте Божјиот народ – рече Светиот Отец на новите епископи во обредната прповед.
Ватикан њуз/к.мк