Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардиналот Паролин, упатена до претседателот на Кинеската регионална бискупска конференција, бискупот Иван Баптист Ли Кех-Мин, Папата ја вети неговата солидарност и близина со сите погодени од катастрофата и се моли за персоналот вклучен во спасувањето. Земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер го погоди источниот брег; досега загинаа најмалку десет лица, а повеќе од илјада се повредени.
Папата Фрањо изрази длабока тага за загубата на човечките животи и штетите предизвикани од силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот брег на островот Тајван на 3 април 2024 година, предизвикувајќи досега, според локалните власти, десет загинати и повеќе од илјада повредени, додека околу 700 се уште се водат како исчезнати или блокирани. Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и упатена до претседателот на Кинеската регионална бискупска конференција (CRBC), Џон Баптист Ли Кех-Мин, папата Фрањо ги уверува сите погодени од катастрофата во неговата искрена солидарност и духовна близина. Папата, се моли за загинатите, ранетите и сите раселени, како и за персоналот вклучен во спасувањето. Светиот Отец го упатува до сите Божјиот благослов на утеха и сила.
Серија земјотреси
Силен земјотрес на 3 април 2024 година го погоди источниот дел на Тајван: првиот удар со јачина од 7,2 степени беше проследен со сто последователни потреси, од кои најмалку два беа поголеми од 6 степени. Епицентарот, како што беше потврдено од американскиот геофизички институт Усгс, бил лоциран на 18 километри југоисточно од градот Хуалиен, околу 155 километри јужно од главниот град Тајпеј и на длабочина од 34,8 километри.
Ватикан њуз/к.мк