Папата Фрањо: Спортот отвора пат за мирот

Разноликиот мозаик овозможува согласност во разликата, а спортот секогаш поттикнува на универзалност која го одбележува братство и пријателство меѓу народите, рече папата Фрањона 19 декември обраќајки им се на управителите и спортистите на Италијанскиот олимписки комитет, честитајќи им ја кандидатурата за домаќин на Олимписките игри 2014 година при што се пошегува: „Но мене нема да ме има!“.

Папата Фрањо забележа дека Комитетот слави 100 години од своето постоење и дека се надахнува на основните вредности на Олимписката повелба, која во „центар ја става личноста и складениот развој на човештвото, одбраната на човечкото достоинство.“ Според Повелбата, спортот може да допринесе за изградба на подобар свет, без војни и напнатости, „воспитувајќи ги младите преку спортски активности без никаква дискриминација… во духот на пријателство, солидарност и верност.“

Спортските настани, посебно Олимписките игри ги поврзуваат претставниците на разни нации, истории, култури, традиции, верувања и вредности – рече Папата – што може „понекогаш и неочекувано да отвори нови патишта“ за надминување на судирите предизивикани од кршењето на човечките права.

„Олимпиското мото – „Citius, Altius, Fortius“ – нѐ не поттикнува на надмоќност на една нација над другата, на еден народ над другиот, продолжи Папата. Тоа е најпрво предизвик, на кој сите – а не само спортистите – треба да одговориме: „да се потрудиме, да се жртвуваме за да постигнеме важни цели во животот, прифаќајки ги сопствените ограничувања, не откажувајќи се заради нив, туку надминувајќи ги“, порача Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот