Папата Фрањо: Со ѓаволот никогаш не води дијалог
Overview
- Type: Ангел Господов, искушенијa, Исус, папа Фрањо, пустина
Исусовото искуство нè учи дека искушение е да размислуваме за алтернативни патишта, наместо за Божјите – рече папата Фрањо, пред молитвата Ангел Господов во недела 1 март 2020 година, на плоштадот Свети Петар. Колку повеќе се одалечуваме од Бог, толку повеќе се чувствуваме незаштитени и беспомошни пред големите животни проблеми – напомена Папата.
Со ѓаволот не се води дијалог – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов, на плоштадот Свети Петар, осврнувајќи се на Евангелието за денешната Прва недела на Великиот пост кое зборува како Исус после крштението на реката Јордан, Светиот Дух го одведува во пустината, каде ѓаволот го искушувал. Постејќи 40 дена, се подготвувал да го започне своето послание за навестување на Царството небесно, како што тоа веќе го направиле Мојсеј и Илија во Стариот Завет. На крајот од тој пост доаѓа искушувачот, ѓаволот кој три пати го искушувал.
Во првото искушение ѓаволот се послужува со фактот дека Исус е гладен – рече Папата и истакна: Го советувал „Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови.“ Тоа било предизвик. Но, Исус јасно одговорил: „Напишано е – „Не само од леб ќе живее човекот, а од секој збор што излегува од устата на Бога.“ Се присетил на Мојсеј кога го потсетил народот на долгиот пат кој го поминал низ пустината и во текот на кој научил дека неговиот живот зависи од Божјиот збор.
Тогаш ѓаволот по втор пат се обидел да го искушува Исус, станувајќи полукав, и исто така цитирајќи го Светото Писмо – рече Светиот Отец и напомена: Стратегијата е јасна, ѓаволот рекол: ако имаш толку доверба во Божјата сила, па искуси ја; имено, самото Писмо кажува дека ќе ти помогнат ангелите. Но, ниту во тој случај Исус не дал да го збуни, затоа што кој верува, знае дека Бог не се искушува, туку му се доверува на Неговата добрина. Затоа на зборовите од Библијата кои ѓаволот ги искористил само како средство, Исус со друг цитат му одговорил: „Напишано е исто така: Не искушувај Го Господа, Твојот Бог!“
Третото искушение ја открива вистинската мисла на ѓаволот – рече папата Фрањо и истакна: Бидејќи доаѓањето на Царството небесно го означил почетокот на неговиот пораз, ѓаволот сакал Исус да го тргне од власта и да го одврати од објавувањето на Неговото послание, нудејќи му „перспектива на политички месијанизам.“ Но, Исус идолопоклонството на моќта и човечката слава го отфрлил и на крајот искушувачот го изгонува, говорејќи му: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само нему да Му служиш!“ И во тој момент, Исус кој бил верен на посветувањето на Отецот, му пристапиле ангели и му служеле.
Тоа нè учи дека Исус не дијалогизирал од ѓаволот – рече Папата и продолжи: Му одговарал со Божјите зборови, а не со своите. Во искушението често започнуваме да водиме дијалог со ѓаволот и со неговите искушенија. Некои велат дека тоа можат да го направат затоа што подоцна ќе се исповедат. По после тоа доаѓа нешто друго… никогаш не смееме да водиме дијалог со ѓаволот. Во однос на ѓаволот, Исус прави две работи: го изгонува како и во овој случај, и му одговара со Божји зборови. Бидете внимателни и никогаш не водете дијалог со ѓаволот и со неговите искушенија.
Ѓаволот и денес влегува во животите на луѓето за да ги искушува со примамливи предлози – рече Светиот Отец и додаде: Го меша својот глас со многу други кои се обидуваат да ја скротат совеста. Од многу страни доаѓаат пораки кои повикуваат да се препуштиме на искушенијата за да го искусиме возбудувањето на престапот. Исусовото искуство нè учи дека е искушение да размислуваме за алтернативните патишта наместо за Божјите. Можете да одите по алтернативни патишта и да мислите дека нема проблем Бог ќе прости.
Меѓутоа погрешно е да мислите дека тоа не е ништо. Тоа е грев и тие се алтернативни патишта кои ни даваат чувство на самодоволност и задоволство кое е цел само за себе. Но, сето тоа е измама; многу брзо стануваме свесни дека колку повеќе се одалечуваме од Бог, толку повеќе се чувствуваме незаштитени и беспомошни пред големите животни проблеми. Нека Дева Марија, Исусовата Мајка која ја згазила главата на змијата ни помогне во ова време на Великиот пост да бидеме будни пред искушенијата, да не се подложиме на ниту еден идол на овој свет, туку Исус да го следиме во борбата против злото; и ќе станеме победници како Исуса – заврши папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк