Во Ватикан објавени одредбите за престанок на епископската служба

Папата Фрањо на 3 ноември ги одобри прописите за престанок на служба на епархиските епископи и за вршителите на таа служба кои се именуваат од страна на Папата. Документот под наслов „Rescriptum ex audientia Ss.mi“ за одрекнување од служба на епархиските епископи и на оние што ја вршат таа должност, именувани од Папата, ги објави Ватиканската прес служба.

Големиот терет на службата која се врши, се наведува во краткиот документ, која треба да се сфати како служба (ѓаконија) на светиот Божји народ, бара од оние што ја вршат да ги вклучат сите свои сили. Посебно тоа се однесува на службата „епископ“,која се соочува со предизвиците на современото општество, и за извршување на која е потребна голема стручност, способност, духовна крепост и човечки вредности. Потоа, во документот се повторува сето она што во пастирската служба на епископот говори концилскиот декрет „Christus Dominus“, како и документот, мото проприо на Павле VI, „Ecclesiae Sanctae“, кој во број 11 ги повикува епископите и оние што ја извршуваат таа служба да „предадат спонтано, не покасно од навршена 75 година од животот, одрекување од служба“, а тие правила се внесени и во каноните 401, 402 и 411 од Законикот на канонското право (CIC), како и во каноните 210, 211, 218 и 313 од Законикот на канонското право за Источните Цркви (CCEO). Истиот критериум е воведен и во врска со службата на кардиналите со документот, мото проприо „Ingravescentem aetatem“ на Павле VI од 1970 година, како и општо за службата на епископите кои службата ја извршуваат во Римската Курија, регулирана со мудрите прописи кои ги внесе Иван Павле II во членот 5 од конституцијата „Pastor bonus“ од 1988 година.

Имајќи го во предвид сето наведено и прифаќајќи ги сугестиите на Советот на кардинали кои му помагаат на Светиот Отец во подготовката на реформата во Римската Курија и водењето на Црквата, донесени се следниве одредби:

Се потврдува постоечката дисциплина по која диоцезанските и епархиските епископи, и сите кои им се ним изедначени по служба според каноните 381 §2 CIC и 313 CCEO, како и бискупите коадјутори и помошни епископи, повикани се да се одречат од служба со навршени 75 години. Одрекнувањето од наведените пасторални служби стапува на сила дури во моментот во кој оставката е прифатена од легитимната власт. Со прифаќањето на одрекувањето од споменативе служби, епископите го губат правото на било каква служба на нацинално ниво, која им била претходно доверена на темел на споменатата пасторална служба. Вреден за пофалба е гестот со кој, некој поттикнат од љубовта и желбата за подобро служење на црковната заедница, смета дека е потребно поради болест или било која друга важна причина да се одрекне од службата пред да наполни 75 години. Во тие случаи верниците се повикани да покажат солидарност и сочувство кон својот пастир, помагајќи му како што налага љубовта и правдата според канонот 402 §2 CIC.

Во некои посебни случаи меродавната власт може да смета дека е потребно таа самата да побара одрекување од службата од епископот, по натамошен братски дијалог, во кој ќе му бидат предочени причините на тоа барање за одрекување и ќе бидат сослушани и неговите причини. Кардиналите кои се на чело на дикастерите на Римската Курија и останатите кардинали кои вршат служби на кои се именувани од Светиот Отец подеднакво се должни со навршување на 75 години да предадат одрекување од службата на Папата, кој, по разгледувањето на сите околности, ќе одлучи по тоа прашање. Оние, пак, кои ги водат дикастерите на Римската Курија, а не се кардинали, секретари и бискупи кои вршат други служби на кои се именувани од Папата, го губат правото на служба со навршување на 75 години, а членовите на дикастерите со навршени 80 години; сепак, тие кои се во состав на некој дикастериј поради некоја друга служба, со престанувањето на таа служба престануваат да бидат и членови.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот