Светиот Отец служеше света Литургија со кардиналите во вторникот на 30 август во базиликата Свети Петар со која заврши средбата за Апостолската конституција „Praedicate Evangelium“, свикана после конзисториумот одржан во саботата на 27 август. На светата Литургија сослужуваа околу 200 кардинали, и повеќе од 300 свештеници и епископи.
Во текот на светата Литургија ги повика кардиналите да вежбаат служење, чудејќи се пред Божјата слика, да ја љубат Црквата и да служат на нејзиното послание и предупреди на „црвот на духовната световност“ кој ја одзема силата, надежта и способноста да го видат Исуса кој човекот го повикува по име и го испраќа.
Повторно да започнеме „поспособни да ги навестуваме чудесата Господови на сите народи.“ Тоа е она што папата Фрањо го сака од новите кардинали и од целиот кардиналски колегиум. Папата во проповедта истакна колку е важно чудењето во животот на Црквата, го дефинираше како „пат на спасението“, но и мерка за духовниот живот.
„Нека Бог го сочува секогаш живо, затоа што тоа нè ослободува од искушението да се почувствуваме „на врвот“, да се чувствуваме „еминентни“, нè ослободува од хранењето на лажната сигурност денес. Всушност, поинакво е, не е повеќе како на почетоците, денес Црвата е голема, Црквата е цврста и ние сме поставени на еминентни столбови во нејзината хиерархија. Нè нарекуваат „модели“. Да, има вистина во тоа, но има исто така многу измами со кои Лажливецот од секогаш се обидува Христовите следбеници да ги направи световни и да ги направи безопасни“, порача Светиот Отец говорејќи за важноста на чудењето.
И постои уште едно „чудење“ кое се доживува, толкува Папата, ако „одговариме на Господовиот повик“, таму каде што тој повикува. Тоа е факт дека „Бог го ангажира“ човекот во својот план на спасение, „тоа е реалноста на посланието на апостолите со воскреснатиот Христос.“ Единаесетмината целосно биле зачудени од Исусовиот повик да ги направат „ученици сите народни, крштевајќи ги“, да ги поучат на она што Тој самиот заповедал, и тоа негово ветување „кое дава надеж и утеха“, дека ќе биде тука „секој ден, се до крајот на светот“, кажа Светиот Отец.
Понатаму, папата Фрањо го опиша профилот на служителот на Црквата. Тој е „оној кој знае да се восхитува на Божјиот план и кој со тој дух ревно ја љуби Црквата, подготвен да го извршува своето послание каде и како што Духот Свети сака.“ Папата ја заврши проповедта со надеж дека тоа може да биде случај со кардиналите и со сите.