Папата Фрањо: Слово, Леб, сиромаштво

Папата Фрањо: Слово, Леб, сиромаштво

Папата Фрањо, во неделата на 1 октомври, својата пастирска посета во италијанските градови Чезена и Болоња ја заврши со свечена Света Миса на стадионот „дал Ара“ во Болоња. Во својата проповед размислуваше за Божјото Слово кое во нас го разгорува срцето, бидејќи ни овозможува да се чувствуваме сакани и утешени од Господ.

Појдовна точка од размислувањето на Папата беше Евангелието од денот каде што се чита параболата за двајцата синови кои нивниот татко ги замолил да одат да работат во лозјето. Едниот на почетокот рекол „не“, но подоцна сепак отишол; другиот, пак, одговорил со „да“, но не отишол. Постои голема разлика – напоменал Папата – помеѓу првиот син кој е мрезлив и вториот кој што е лицемер. Да замислиме, што тие двајца браќа размислувале во нив самите, папата Фрањо рече дека татковиот глас одѕвонувал во срцето на првиот син, и покрај првичниот негативен одговор. Од друга страна, во другиот син татковиот глас бил закопан.

Како овие двајца синови и ние може да избереме дали сакаме да бидеме грешници-патници, кои продолжуваат да го слушат Бог Отецот и кои се каат и се подигнуват кога ќе паднат, или ќе бидеме следниве грешници, лицемери кои секогаш се спремни да се оправдат самите себе и кои се спремни да го прават само она што на нив им е угодно. Исус е многу остар кон второспоменатите, истакнувајќи дека јавните грешници ќе влезаат во небото пред нив. Тие не биле во криво околу своето размислување за Бога и религијата, туку во криво биле за тоа како да го живеат христијанскиот живот – рекол Светиот Отец, додавајќи дека тие биле нефлексибилни чувари на човечката традиција, неспособни да разберат дека животот е едно патување само благодарение на Бога, и дека бара понизност за да би биле отворени, да се покаеме и да започнеме одново.

Папата Фрањо нагласи дека клучниот збор е „покајание“ кое ни омозвожува да не бидеме тврди, да го претвориме одговорот на Бога од „не“ во „да“, „не“ на гревот во „да“ на Божјата љубов. Во животот на секој од нас постојат два пата: или ќе бидеме грешници кои се каат или лицемерни грешници.

Божјиот глас продира во срцето на секој од нас. Но тоа исто така е глас кој нѐ повикува повторно да бидеме во однос, во однос помеѓу таткото и синовите. Како во семејството така и во општеството и во Црквата постои потреба за средба. Никогаш да не ја отфрлате средбата, дијалогот – нагласи Папата. Никогаш да не се откажувате од наоѓањето на нови патишта за да одите заедно.

Светиот Отец понуди три италјански зборови кои почнуваат на буквата „п“, а кои можат да ни помогнат да видиме како се движиме како Црква. Прво, „Parola“ (Парола) – што значи Слово, и тој збор е „компас“ кој нѐ насочува на нашето понизно патување. Потоа „Pane“ (Пане) – Леб, евхаристиски леб од кој сѐ започнува; и на крај „poveri“ (повери) – сиромаси, збор кој не се однесува само на оние кои се сиромашни во материјална смисла, туку многу повеќе на оние кои се духовно сиромашни. Во нив го пронаоѓаме Исус, бидејќи Господ влегол во светот како сиромашен, понизувајќи се, како што вели свети Павле – нагласи Папата.

Од полза би ни било кога секогаш на ум ќе ги имаме овие три термини: „Збор“, „Леб“ и „сиромашни“ – рече папата Фрањо и на крајот од проповедта заврши со молитва за никогаш да не ги заборавиме овие три основни „јадења“ кои не хранат на нашето патување.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот