Светиот Отец во понеделник 28 март 2021 година се сретна со две делегации на канадски домородци. Ова е прва од серијата средби што ќе се одржат во наредните денови.
Папата Фрањо прими две одделни делегации на канадски домородни жители. Секоја аудиенција траеше околу еден час.
Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Папата се сретнал со десетина пратеници, претставници на народот Метис и осум претставници на Инуитите. Неколку бискупи на Канадската бискупска конференција ги придружуваа делегациите.
Папата Фрањо ги слушаше и даде простор да ги сподели болните искуства што ги претрпеа, се вели во соопштението.
Ватикан њуз/к.мк