Папата Фрањо се сретна со претседателот на Италија Наполитано

Ватикан, 8.6.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во сабота 8 јуни, го прими италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, кој потоа, заедно со министерката за надворешни работи Ема Бонино, се сретна со Државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоно, а потоа и со секретарот за односи со државите, архиепископот Доменик Мамберти. Во соопштението од Ватикан се вели дека во разговорот меѓу Папата и претседателот Наполитано поминал во пријатна атмосфера при што е изразено задоволство за постоечките добри односи меѓу Светата Столица и Италија. Посебно се разговарало на теми кои се однесуваат за состојбата во италијанското општество и придонесот на Католичката Црква во животот во земјата. Исто така на средбата станало збор и за актуелните случувања во светот, како што е загрижувачки зголемувањето на конфликтите на источниот Медитеран и нестабилноста на подрачјето на северна Африка, кои ја отежнуваат состојбата на старите христијански заедници. Двете страни ја потврдија волјата за продолжување на конструктивна соработка на билатерален план, и во контекст на меѓународната заедница, посебно што се однесува на промоција на верските слободи, истакнато е на крајот од соопштението на канцеларијата за односи со јавноста при Светата Столица. (Б.У.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<