Папата Фрањо: Светоста е – да дозволиме Бог да ја пишува нашата историја

Утрото на 17 декември, на својот роденден, Светиот Отец сакаше на светата Литургија да биде присутен и персоналот на домот Света Марта за славењето да се одвива во семејна атмосфера. Евангелското читање од денешнот ден е она за Исусовото родословие со полно имиња на Исусовите предци, што на Папата му послужи како повод во текот на проповедта да се потсети на некои имиња од персоналот присутен на светата Литургија.

Бог никогаш не нѐ остава сами, туку е цело време со нас – рече Папата за присутните да станат свесни на вистинската Исусова присутност во нашиот живот. „Слушнав еднаш како некој за овој евангелски дел вели: Ова изгледа како телефонски именик! – Е, сепак не е – истакна Папата – тоа е друга работа! Овој дел од Евангелието донесува еден важен историски аргумент, во кој гледаме дека Бог – како што тоа знае да каже свети Лав Велики папа – го испратил својот Син Исус кој е иста природа со Бог Отец; исто така е иста природа со својата Мајка. Ова е всушност таа истоприродност со Мајка Му, преку Која Бог влегува во (нашата човечка) историја. Бог сакал да стане дел од историјата. Он е со нас и со нас го поминал својот земски пат.

После првиот грев во Земскиот рај – продолжи Папата – била ова идеја: да се премине овој пат заедно со нас. Го повикал на патот Авраам, првоименуваниот на листата, и Авраам го започнал. После него следуваат Исак, Јаков, Јуда и така овој пат продолжува низ историјата. „Бог оди со својот народ“, рече Светиот Отец. Не сакал нас да не спаси без историја туку заедно со нас сакал да создава историја; и тоа историја во која има и светци и грешници – кажа Светиот Отец.

Не станува збор за „било какви грешници, туку за големи, а сепак Бог со нив создава историја. Со грешници кои не одговориле на сите негови замисли. Помислимо, да кажеме Соломон толку голем и интелигентен, а завршил како сиромав така што не ни знаел како се вика! Сепак Бог бил со него. Тоа е убаво, зар не? Бог истоприроден со нас. Заедно со нас создава историја – уште повеќе – кога Бог сака да се претстави, вели дека е Бог Авраамов, Исаков и Јаковов,…, Мариетин, Марисин, Симонов – Бог на сите! – рече Папата. Од нас позајмува презиме. Божјото презиме е секој од нас.

„Он е наш Бог“ – нагласи – со нас создава историја; нашето име го зема за свое презиме“; „дозволил ние да ја пишуваме историјата“. Ние ја испишуваме ова историја на милости и гревови и Он стои зад нас“. Тоа е Божја понизност, трпение и љубов – рече Светиот Отец – Он е наш! И ова нас не допира: „Толку љубов, нежност, да имаме Бог како што е Он!

Негова радост е да го подели со нас својот живот. Книгата Мудрости кажува дека радоста Господова престојува меѓу синовите човечки; со нас. Како што се ближи Божиќ, ни доаѓа да мислиме: ако Он својата историја ја создава со нас; ако нашето име го зема за себе за презиме; ако дозволи ние да ја пишуваме неговата историја – тогаш барем да дозволиме Он да ја пишува нашата – кажа Папата. Светоста е – да дозволиме Бог да ја пишува нашата историја; тоа е и божиќна желба за сите нас; Бог да ти ја испише сопствената историја, а ти тоа да му го дозволиш. Така нека биде! – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот