Тоа особено го бараат од нас најслабите и сиромашните, рече папата Фрањо во видео пораката прикажана во Дубаи по повод инаугурацијата на Павилјонот на верата, простор за синергија меѓу организациите, верските и политичките лидери и научниците со цел да се промовира делување за климата. Итно е неопходно религиите, без да паднат во „стапицата на синкретизмот“, да воспостават сојузи, не за свои или за интересите на една страна, туку за интересите на нашиот свет.
Да се воспостават сојузи за општото добро. Тоа е централната порака од видео обраќањето на папата Франциско во Дубаи, во која го изразува своето жалење што не е присутен на конференцијата COP28, a она што го подготви за инаугурацијата на Павилонот на верата му го довери на државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин, истакнувајќи дека за прв пат се отвора верски павилјон како дел од конференцијата на Обединетите нации за климатски промени.
На светот му требаат сојузи во интерес на сите
Фактот што актуелната конференција COP28 во Обединетите Арапски Емирати е домаќин на Павилјон на верата и тоа е знак дека е можно да се воспостават корисни сојузи за цели од заеднички интерес. Меѓу нив денеска најважни се мирот и климата – истакнува Папата.
На светот денес му требаат сојузи кои не се против никого, туку за доброто на сите. Итно е неопходно религиите, без да паднат во замката на синкретизмот, да дадат добар пример работејќи заедно: не за свои интереси или за интересите на една страна, туку за интересите на нашиот свет.
Да дадеме пример, тоа го бараат од нас сиромасите
Затоа, поттикот на Папата е дека за иднината на најранливите луѓе и за иднината на сите, треба да го чуваме целото создание и да го штитиме нашиот заеднички дом. Да живееме во мир и да промовираме мир! – поттикна папата Фрањо.
Да дадеме пример, како верски претставници, да покажеме дека е возможна промена, да бидеме сведоци на одржливи, полни со почит и гласно да побараме од водачите на народите да го зачуваат нашиот заеднички дом. Тоа посебно од нас го бараат најслабите и сиромашните, чии молитви стигнуваат до престолот на Севишниот.
Павилјонот на верата, знак на синергија за климата
Првиот Павилјон на верата ќе биде простор проектиран за да биде централно место за промовирање на меѓуверска соработка и ангажман за поттикнување на ефективно и амбициозно климатско делување. Ќе создаде услови за дијалог со верските и домородните претставници, научниците, младите и политичките лидери за да се забрза ангажирањето за климата. Ќе биде домаќин на повеќе од 60 сесии, на кои ќе учествуваат претставници на повеќе од 100 организации.
Ватикан њуз/к.мк