Папата Фрањо прогласи нови светци

Ватикан, 12.5.2013 /к.мк/ – На крајот од светата Литургија пред молитвата Царице Небесна папата Фрањо се обрати на верниците .

Драги браќа и сестри!

На крајот од ова славење сакам да ве поздравам сите вас кои дојдовте да изразите почит на новите светци, посебно на официјалните делегациите од Италија, Колумбија и Мексико.

Мачениците од Отранто нека му помогнат на италјанскиот народ да гледа со надеж на иднината, надевајќи се на Божјата близина кој никогаш нема да не напушта, ниту во тешките моменти. […]

Со радост потсетувам дека вчера во Рим за блажен е прогласен свештеникот Луиџи Новарезе, основач на Волонтерскиот центар за помош на оние кои страдаат и Заедницата на тивки работници од Христовиот крст. Упатувам благодарност за таков примерен свештеник, кој знаеше да го обнови пасторалот за болни правејќи од нив активни поеднинци во Црквата.

Ги поздравувам учесниците на „Марш за живот“ која се одржа утрово во Рим и повикувам на будна внимателност кон оваа важна тема како што е почитување на човечкиот живот од неговото зачнување. Поврзано со ова ми претставува чест истотака да потсетам дека денес во многу италјански парохии се собираат потписи со цел да се подржи европската иницијатива „Еден од нас“, со која се сака да се постигне зајакнување на правната заштита на ембрионот и заштита на секоја личност од првиот момент на нејзиниот живот. Посебен настан за оние кои на срцето им е одбраната на светоста на животот ќе биде “Ден на Евангелието на живот“, (Ден на Evangelium vitae) кој ќе се одржи овде во Ватикан во рамките на Година на верата на 15 и 16 мај.

Срдечно ги поздравувам сите парохиски групи, семејства, училишта, присутните млади. Да се обратиме сега со љубов кон Дева Марија, Мајка и пример на сите светци.

Твитер порака

Да молиме за мноштвото христијани во светот, кои и понатаму се прогонувани и над кои се врш насилство. Господ нека и дарува храбост и истрајност.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<