На аеродромот во Багдад се одржа официјална средба со присуство на премиерот, по што Поглаварот на Католичката црква замина во Претседателската палата, каде ќе се одржи церемонија на пречек.
Стариот сон на Петровите наследници. Во петокот, на 5 март 2021 година, во 13:54 часот по локално време, авионот на папата Фрањо слета на Меѓународниот аеродром во Багдад. По неколку минути подготовка, Римскиот епископ стапна на земјата на патријархот Авраам.
Премиерот на Ирак, Мустафа Абдел Латиф Мушет, се сретна со Папата. Деца во национална носија му подарија цвеќиња на Светиот Отец, а присутни беа и локалните епископи. Средбата не вклучуваше говори, туку само претставување на официјалните делегации и воени почести. Потоа, Светиот Отец и Шефот на владата се сретнаа во ВИП салата на аеродромот, по што Папата замина во Претседателската палата.
Безбедносните мерки не дозволија толпа луѓе, како што сме навикнале да ги гледаме покрај патиштата покрај кои поминува Папата. Самиот Свети Отец побара организаторите да се погрижат да се почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот. Но, мали групи Ирачани сепак го пречекаа очекуваниот гостин на улиците на градот. Со оглед на ситуацијата, не беше можно да се користи отворениот автомобил. Светиот Отец исто така се согласи неговото движење да се одвива во блиндиран автомобил, што не го дозволуваше за време на претходните патувања.
Ватикан њуз/к.мк