Папата Фрањо одобри објавување на рескрипт во кој се појаснуваат две точки од Апостолското писмо во форма на Motu propriо „Traditionis custodes“ од 16 јули 2021 година.
На 20 февруари 2023 година, бискупот од Рим го прими во аудиенција кардиналот Артур Рош, префект на Дикастеријата за богослужби и дисциплина на Светите Тајни.
Папата Фрањо го потврди она што беше утврдено во Traditionis custodes – дека користењето на парохиски цркви за групи кои слават Литургија според предсоборниот обред, како и употребата на стариот Литургикон за свештеници ракоположени по 16 јули 2021 година, може да биде одобрено од епископот само откако ќе добие овластување од страна на Светиот Престол .
Двете точки, кои беа предмет на различни толкувања и неодамнешни медиумски дебати, се однесуваат на: користење на парохиски цркви и можното формирање на посебни парохии за групи кои слават според Литургиконот од 1962 година, прогласен од Иван XXIII пред Вториот ватикански собор и дозволата да се користи тој Литургикон за свештеници кои биле ракоположени по 16 јули 2021 година, т.е. по објавувањето на motuproprio Traditionis custodes .
Всушност, текстот на Motu propriо веќе беше доволно јасен: тоа се две ограничувања за кои бискупот, пред да одлучи, мора да побара дозвола од Дикастеријата за богослужби и дисциплина на Светите Тајни, која според Motu propriо Traditionis custodes, има овластување од Светиот Престол по ова прашање. Затоа, во зависност од околностите, дикастеријата ќе даде евентуално зелено светло на дијацезанскиот ординариј.
Ватикан њуз/к.мк