Папата Фрањо почесен граѓанин на градот Меделин

Папата Фрањо почесен граѓанин на градот Меделин

На 20 јули 2017 папата Фрањо е прогласен за почесен граѓанин на колумбискиот град Меделин, пишува „El Tiempo“ на 21 јули 2017 година. Папата Фрањо од 6 – 11 септември ќе ја посети Колумбија, а на 9 септември ќе престојува во градот Меделин.

Градското собрание ја донесе одлуката со 17 гласа ‘за’ и 4 воздржани. Со овој гест се истакнува заземањето на Папата за доброто на сите и социјалната правда. Градот Меделин веќе се подготвува за посетата на Папата и се очекуваат околу 170.000 посетители на средбата со Светиот Отец.

Зенит/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот