Папата Фрањо: Посетата на Турција е знак на длабоката поврзаност меѓу Рим и Цариград

„Ќе ја посетам Турција со желба да ги надминеме пречките кои сѐ уште нѐ разделуваат”. Ова го изјави папата Фрањо пред членовите на американската Фондацијата “Lumen Orientale”кои ги прими на аудиенција во Ватикан. „Без внатрешна обнова – истакна Папата – не е можен вистинскиот екуменски дијалог”.

Во говорот до американската фондација која го носи името од Апостолското писмо на Иван Павле II, објавено на 2 мај 1995, папата Фрањо се задржа на единството со источните христијани и ги сподели своите очекувања од претстојната посета на Турција, каде ќе се сретне со патријархот Вартоломеј:

„Посетата на епископот на Рим кај Вселенската патријаршија и новата средба меѓу патријархот Варотолемеј и мене, ќе биде знак на длабока поврзаност која ги обединува Рим и Цариград и желбата да се надминат пречките кои сѐ уште не разделуваат, преку љубовта и вистината”.

Папата Фрањо ги потсети на членовите на Фондацијата, предводени овие денови на поклонение од православниот митрополит на Диокија, Калистос дека духовната вредност е основно за секое поклонение и преку верата е вдахнато за „внатрешна обнова”:

„Таа димензија е од суштинска важност за напредокот и за патот што води кон помирување и целосно општење меѓу сите кои веруваат во Христос. Не постои вистински екуменски дијалог без подготвеноста за внатрешна обнова и желбата за поголема посветеност за Христос и неговата волја “.

„Вашето поклонение – истакна Папата – е и по стапките на Иван XXIII и Иван Павле II”. Несомнено, рече тој, „примерот на овие двајца светители е поучен за сите вас, бидејќи тие секогаш сведочеа со горлива љубов за единството на христијаните”:

При свикувањето на Вториот ватикански собор повикот на свети Иван XXIII за единство на Црквата зазема централно место, за кое пак единство свети Иван Павле II даде важен импулс со својата енциклика „Ut unum sint”, за екуменската посветеност на Католичката црква.

На крајот на средбата со членовите на Фондацијата, Папата Фрањо ги повика да се молат за него, за да може преку застапништвото на неговите двајца свети претходници да го исполнува своето послание како римски епископ „во корист на заедништвото и единството на Црквата, следејќи ја во сè волјата Господова”.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот