Папата Фрањо испрати видео порака до учесниците на онлајн средбата на Италијанскиот харизматски совет кој го сочинуваат католици и пентекосталци во Италија потсетувајќи на дијалогот започнат во 1992 одина и инсистирајќи на вредностите на заедничкото служење и братство.
Исус нѐ испраќа да навестуваме дека е со нас, дека е пред Отецот, нѐ придуржува; и дека како христијани не покажувајќи поделби кои сѐ уште ги има, но кои нѐ не спречуваат заедно да работиме, да одиме заедно, миејќи ги нозете едни на други; (…) заедно да служиме – е главната мисла од кратката видео порака преку која папата Фрањо сака да биде присутен на средбата која ја организираше Италијанскиот харизматски совет на тема „Братството во Христос“, која ќе се води од зборовите Господови: „Туку отиди при браќата Мои и кажи им: се враќам при Својот Отец и вашиот Отец, при Својот Бог и при вашиот Бог” (Иван 20,17).
Папата им се заблагодари на учесниците за нивната работа која ја работите веќе со години започнувајќи од средбата во Бари во 1992 година, инсистирајќи на вредноста „братство“ помеѓу католичкиот свет и светот на италијанските евангелистички Цркви. (…)
Ватикан њуз/к.мк