Папата Фрањо: Повикани сме на подлабоко соединување со Христос

Папата Фрањо: Повикани сме на подлабоко соединување со Христос

Во својот говор пред делегацијата на Меѓународното движење на католички студенти „Pax Romana“ папата Фрањо потсети на апостолскиот поттик Christus vivit: промовирајте чувство за глобално граѓанство, заедно со делување на локално ниво

Благодарност за посветеноста насочена кон промовирање на социјалната правда и интегрален човечки развој, вдахновена од католичката вера и нејзиниот поглед за свет кој е се повеќе во склад со Божјата љубов кон човечкото семејство. Со овие зборови, во четврток, 19 септември 2024 година, папата Фрањо ја поздрави делегацијата на Меѓународното движење на католички студенти „Pax Romana“, основано во Фрибург, во 1921 година, со цел евангелизирање во универзитетските средини.

Младите – револуционери и протагонисти

Папата Фрањо го започна своето размислување комбинирајќи го со она од времето на Синодата за млади во 2018 година, кога новите генерации беа охрабрени да бидат, како што беше истакнато во Апостолскиот поттик Christus vivit, „протагонисти на револуцијата на љубовта и служењето“.

Вашето присуство, вашата активност – во академскиот контекст, во работната средина или на улиците на градовите – се стреми кон ovaa цел, работејќи на изградба на посочувствителен, похармоничен и побратски свет.

Глобално граѓанство и дејствување на локално ниво

Светиот Отец потсети на делата на воспитување и формирање што ги поттикна Движењето во Франција, Тајланд и Кенија, кои се засноваат на сведоштвото на Евангелието и на социјалната наука на Црквата. Амбивалентни иницијативи, способни да го промовираат, од една страна, чувството на глобално граѓанство, а од друга страна, да поттикнат делување на локално ниво. Затоа, движењето „Pax Romana“ е почеток на темелно проучување и разбирање на најитните општествени прашања на нашето време, давајќи им можност на младите луѓе да промовираат ефективни промени во нивните заедници, служејќи на тој начин како евангелски квасец.

Слушање, учество и дијалог

По споменувањето на актуелната тема на Синодата за синодалноста, Папата ги поттикна присутните, како поединци и сите заедно, да се вклучат во синодалниот пат на Црквата, кој се состои од заедничко одење, слушање, учество и вклучување во дијалог. отворени за расудување и да внимаваат на благиот глас на Светиот Дух.

Исто така, ве охрабрувам да го прифатите претстојното празнување на Светата 2025 година како посебен повод за лична обнова и духовно збогатување во единство со целата Црква.

Сите ние сме ходочесници

Светата врата, посебен симбол на јубилејот, – истакна папата Фрањо – нè потсетува дека сите ние сме ходочесници, сите сме на пат, заедно повикани на подлабоко соединување со Господ Исус и за достапноста на силата на неговата благодат што ги преобразува нашите животи и светот во кој живееме.

Работете за мир, хармонија и правда

Папата им посака на младите членови на движењето нивната средба да биде извор на обновено вдахновение, секогаш црпејќи вдахновение од Апостолскиот поттик Christus vivit, да работат за развој на мирот, хармонијата, правдата, човековите права и милосрдието, а со тоа и за ширењето на царството Божјо во овој свет. На крајот, папата Фрањо ги довери присутните на застапништвото на Марија, Царицата на мирот и блажениот Пјер Џорџо Фрасати, истакнувајќи дека се надева дека ќе го вклучи меѓу светителите следната Света година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот