Папата Фрањо пристигна во Јапонија и со тоа го започна вториот дел од неговото 32. Апостолско патување. Првата официјална средба ја имаше со членовите на Јапонската бискупска конференција во Апостолската нунцијатура.
Вчера по приватната света Литургија во Апостолската нунцијатура во Бангкок, Папата Фрањо замина од Тајланд. На аеродромот беше испратен од член на Кралскиот совет, го поздравија деца облечени во народни носии, епископи, верници и претставници на власта.
По 6 часа лет, папата Фрањо пристигна во посета на Јапонија која ќе трае до 26 ноември. На аеродромот во Токио беше пречекан од претседателот на јапонската влада Таро Асо, бискупи, свештеници и стотици студенти од католичкото училиште. Веднаш потоа следуваше кратка средба со претседателот на владата.
Потоа Папата замина во Апостолската нунцијатура каде беше пречекан од 200 верници и од вработените во нунцијатурата. Следеше средба со членовите на Јапонската бискупска конференција во која се вклучени три надбискупии и 13 суфрагани бискупии. Мотото за посетата на Земјата на изгрејсонцето е ,,Заштитете го секој живот“.
На патот од Тајланд до Јапонија, Светиот Отец леташе над 5 земји: Лаос, Виетнам, Кина, Хонг Конг и Тајван. На сите земји им испрати телеграма, гарантирајќи ги своите молитви и благослов, посакувајќи им мир, радост и благосостојба.
Ватикан њуз/к.мк