Папата Фрањо: Никогаш повеќе да не се повтори Холокаустот, кој е срам за човечкиот род
Никогаш повеќе да не се повтори Холокаустот, кој е срам за човечкиот род – пишува папата Фрањо во писмото до својот пријател Абрахам Скорке, рабин во Буенос Аирес, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот, кој се одбележува на 27 јануари. Писмото ќе биде прочитано во Паркот на музиката во Рим, на концертот насловен „Виолини на надежта“, кој се организира во спомен на жртвите од Холокаустот.
Папата писмото го напиша своерачно, на шпански јазик адресирано до неговиот пријател рабинот Скорка, со кој низ годините воспостави пријателство кое е многу повеќе од дијалог помеѓу двајца верски претставници.
Во писмото Светиот Отец ја изразува надежта дека оние кои ќе ја слушаат музиката, ќе се соживеат со историските солзи, кои до нас доаѓаат преку виолините, и дека ќе почувствуваат силна желба за ангажирање, никогаш повеќе да не се повтори таков срам за човечкиот род. Публиката ќе слуша музика од Вивалди, Бетовен и други големи композитори, но срцето на сите присутни ќе се почувствува од звукот на живиот тивок глас на историските солзи, оние кои оставаат белег на душата и телото на народот.
На концертот за прв пат во Италија, ќе се свири на дванаесет виолини и едно виолончело кои го имаат преживеано Холокаустот. Секој од тие инструменти има своја драматична историја, а се пронајдени и реставрирани од израелскиот мајстор за инструменти, Амнон Вајнштајн. Меѓу нив се наоѓа и виолината кои ги испраќаше затворениците во гасните комори во Аушвиц, една виолина која била фрлена од воз, кој одел кон логорот, а ја сочува еден француски работник, а има и виолини од еврејски музичари кои во 1936 година ја напуштија Германија и заминаа во Тел Авив, во палестинскиот филхармониски оркестар, кој потоа стана Израелски филхармониски оркестар, основан од италијанскиот диригент Артуро Тоскани и полскиот виолинист Бранислав Хуберман, со цел музичарите и нивните семејства да ги спасат од депортација
РВ/го*ко