Папата Фрањо на јубилејната аудиенција: Милосрдие и залагање

Светиот Отец одржа јубилејна аудиенција во сабота 20 февруари 2016 година на плоштадот Свети Петар, посветувајќи ја на темата „Милосрдие и залагање“. Тој истакна дека Светата година на милосрдието е вистинска шанса да се навлезе подлабоко во таинството на Божјата добрина и љубов

Во постот, рече Папата, Црквата нè повикува подобро да го запознаеме Исус и доследно да ја живееме верата, изразувајќи го милосрдие на Отецот. На тоа сме повикани со цел на сите кои ги среќаваме да им понудиме конкретен знак на Божјата близина. Тоа значи, објасни Папата, дека нашиот живот и став треба да бидат конкретен знак на Божјата близина. Мали знакови на љубов, нежност и грижа, кои повикуваат во умот дека Бог е близу, ја отвораат вратата на милосрдието.

Папат како предмет на размислување за оваа аудиенција ја избра темата на залагањето. Што значи да се залагаме? Кога се залагам тоа значи дека ја преземам одговорноста, ја преземам задачата кон некого; но тоа значи и стил, став, верност и преданост, посебно внимание во извршувањето на оваа задача. Секој ден од нас се бара да се трудиме во работите кои ги правиме: во молитвата, работата, учењето, но и во спортот, во слободните активности. Да се залагаме, заклучи Папата, значи да ја придвижиме нашата добра волја и нашите сили за да си го подобриме животот.

Светиот Отец го нагласи Исусовото добробитно прифаќање на грешникот, забележувајќи дека тоа не е начин на кој ние би размислувале. Според човечкото сфаќање, грешниците би биле Исусови и Божји непријатели. Меѓутоа, Христос им се приближуваше со добрина, со љубов и ги менуваше нивните срца, истакна Светиот Отец. Истакна и дека сите сме грешници и дека сите пред Бог имам некоја вина. Но тоа не е причина за очај, бидејќи тој самиот ни се приближува за да нè утеши и да ни пружи милосрдие.

Тоа е Божјето залагање за нас и поради тоа го прати Исус: за да ни се приближи, на сите нас, и да ја отвори вратата на својата љубов, на своето срце, на своето милосрдие. А тоа е многу убаво, навистина многу убаво, истакна Светиот Отец, додавајќи на крајот дека треба на ближните секогаш да го носиме „Божјиот нежен допир“ со кој Тој прв нè помилува.

„Овој Јубилеј да ни помогне да ги преобратиме нашите животи во милосрдно залагање за сите“, заврши Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот