Папата Фрањо на празникот Свети Јосиф на ирското светлиште Пресвета Богородица од Кнок му доделува статус на меѓународно богородично светилиште

Папата Фрањо на празникот Свети Јосиф на ирското светлиште Пресвета Богородица од Кнок му доделува статус на меѓународно богородично светилиште

Ирското национално поклоничко место – светилиштето Пресвета Богродица од Кнок насокоро ќе добие меѓународен статус. Имено, папата Фрањо планира официјално оваа ирско ходочасничко место да го прогласи за меѓународно богородично и евхаристиско светилиште, што е планирано за празникот на свети Јосиф на 19 март, извести ЦНА.

Пригодно е и тоа што прогласувањето ќе се случи токму на празникот на свети Јосиф во текот на Годината посветена на Свети Јосиф.

Единствени објави на свети Јосиф, Блажена Дева Марија и свети Иван евангелист

Во 19 век свети Јосиф се објавил во Кнок заедно со Пресвета Богородица и свети Иван евангелист. Објавите се случиле на врнежлив ден во 1879 година кога овие светци се забележани на јужниот дел на парохиската црква во Кнок.

Според известувањето за медиумите од светилиштето во Кнок, овие објави биле единствени. Во врска со самата програма за прогласување на меѓународно светилиште, Светиот Отец ќе испрати видео порака која ќе биде прикажана за времет на вечерната света Литургија на 19 март. Со тоа ќе започне тридневната прослава на која ќе се обрати надбискупот на Виена кардиналот Кристоф Шонборн и надбискупот на Туам монс. Мајкл Нири.

Дон Ричард Гибонс ректор на светилиштето: Ова е историска пресвртница за Ирското национално богородично и евхарстиско светилиште

Ректорот на светилиштето дон Ричард Гибонс рече дека навистина се благодарни на папата Фрањо за ова признание, кое дојде со посредство на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација, кој го препозна Кнок на меѓународно ниво во смисла на неговиот посебен статус на богородично и евхаристиско светилиште.

„Ова е историска пресвртница за Ирското национално богородично и евхарстиско светилиште“, порача ректорот на светилиштето.

Од почетокот на пандемијата светилиштето Кнок постојано настојува да даде поддршка на верниците. Во ноември 2020 година одржана е посебна света Литургија задушница за сите ирски граѓани кои починаа како последица од болеста Ковид-19, а околу светилиштето се поставени повеќе од илјада свеќи кои ги претставуваа починатите во текот на пандемијата. Светата Литургија виртуелно ја следеа повеќе од 120.000 луѓе, објави ЦНА.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот