Папата Фрањо на молитвено бдение за „новите маченици“

Папата Фрањо на молитвено бдение за „новите маченици“

На 22 април 2017 година попладне папата Фрањо во римската базилика Свети Вартоломеј на Островот, ја предводеше „Молитвата за новите маченици“, одржана на иницијатива на Заедницата Свети Егидиј.

Во текот на молитвеното бдение членовите на семејството и пријателите на христијаните убиени од омраза кон верата, му прочитаа на Светиот Отец неколку сведоштва.

„Воскликунуваат во небото мачениците кои ги следеле Христовите траги; заради неговата љубов ја пролеаja крвта, и се радуваат засекогаш во Господ“ – се првите реченици на Химната за мачениците, која со звукот на ѕвоната го придружуваа пристигнувањето на папата Фрањо во базиликата Свети Вартоломеј на Островот; Taa cрква која е по Јубулејот 2000 години стана „Меморијална црква на сведоците на верата на XX и XXI век“, а по иницијатива на папата Иван Павле II. Затоа кога папата Фрањо пристигна во базиликата, најпрво изрази почит кон моштите на свети Вартоломеј и иконата на „новите маченици.“

Впечатлив момент на молитвеното бдение беа сведоштвата за новите маченици: синот на Пол Шнајдер, пастор на Реформираната црква убиен во 1939 гдина во концентрациониот логор Бухенвалд; пријател на Вилијам Кијан кој во Ел Салвадор го убиле вооружени банди, и сестрата на патер Жак кој во црквата го убија муслимански фундаменталисти.

После проповедта и сведоштвата Папата отиде во капелата и запали свеќа на секој олтар кој содржат мошти и спомени на сведоците на верата. Потоа следуваше молитва на верниците, и спомнување на имињата на некои „нови маченици“. На секој спомен е запалена свеќа. На крајот од молитвеното бдение Светиот Отец се сретна со група бегалци.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот