Со погребната служба во базиликата Свети Петар претседаваше деканот на Кардиналскиот колегиум, кардинал Џовани Батиста Ре.
Во вторник, 31 мај 2022 година, во базиликата Свети Петар во Ватикан се одржа погребот на кардиналот Анџело Содано, поранешен државен секретар на Светиот Престол и поранешен декан на Кардиналскиот колегиум, којпочина на 27 мај. Светата Миса ја служеше кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум. На крајот на богослужбата, папата Фрањо се придружи на молитвите, извршувајќи ги обредите на Последното збогување ( Commendatio и V aledictio ).
Сумирајќи го животот на покојникот за време на својата проповед, кардиналот Ре нагласи дека „многу години поминати во служба на Апостолскиот Престол, кардиналот Содано цврсто верувал во Христа и верно го следел, служејќи ѝ на Црквата и на неговиот викар со љубов и пожртвуваност“.
Проповедникот потсети дека скоро 16 години како државен секретар, како најблизок соработник на Папата, покојникот се истакнал со компетентно и ревносно служење на мирот, особено во тешка геополитичка ситуација, вклучувајќи го крајот на Студената војна, војната во Персискиот Залив и Балкански војни, трагичните настани од 11 септември 2001 година и подемот на тероризмот во светот.
„Многу од нас имаа можност да го запознаат големата чувствителност на кардиналот Содано, неговите таленти на умот и срцето, неговата чувствителност кон пасторалните задачи на Црквата во светот, неговата мудрост во проценувањето на настаните и ситуациите и неговата подготвеност да помогне, изнаоѓајќи соодветни решенија“, истакна кардиналот Џовани Батиста Ре.
Ватикан њуз/к.мк