Омразата и осветата не можат да бидат двигатели во земјата, потребно е да се надмине корупцијата и политичките лични инстреси како би се сочувала надежта за иднината во мир. Тоа го истакна папата Фрањо за време на светата Литургија на стадионот Зимпето во Мапуто, со што заврши посетата на Мозамбик и после тоа Светиот Отец отпатува за Мадагаскар.
Иднината не смее да се гради на таканаречено правило „праведно насилство“ „око за око, заб за заб“, на освета, омраза, корупција; вистинскиот пат е патот на љубов, ништо не очекувајќи за возврат – истакна папата Фрањо служејќи света Литуригија на португалски јазик, со накана за „напредок на народот“. На светата Литургија присуствуваа повеќе од 60.000 верници, кои и покрај дождот дојдоа на стадионот Зимпето во Мапуто. Тоа беше последниот јавен настан во Мозабмик, пред да замине за Мадагаскар, каде што Светиот Отец пристигна во попладневните часови.
Не можеме да се договарам и обединуваме за да се осветуваме, кза да на некој кој бил насилен му го направиме истото што и тој на нас, како би планирале прилики за освета во облици кои наизглед се легални. Оружјето и насилната репресија, наместо да донесат решение, создаваат нови и уште поголеми судири. „Праведноста“ на насилството секогаш е сприрала без излез, нејзината цена е многу висока. Меѓутоа, постои и друг можен пат, важно е да не се заборави дека нашите народи имаат право на мир. Вие имате право на мир – истакна Светиот Отец.
Спомнувајќи ја покраината Кабо Делгадо, на северот од Мозамбик, богата со природни извори, во која веќе долго време има напади и насилство поради што владее нестабилност, Папата рече дека е тешко да се зборува за помирување кога раните предизвикани од долгогодишното несогласување уште се отворени или пак да се поттикне да се направи чекор кон простување, што не значи да се занемари страдањето, ниту пак да се бара да се избришат сеќавањата или идеалите. И покрај тоа, Исус повикува да љубиме и да правиме добро – истакна Папата и објасни: Тоа е многу повеќе од занемарување на човекот кој ни нанел штета, или од настојувањето нашите животи да не се сретнат. Тоа е налог кој тежи на активната добронамерност, несебична и посебна, кон оние кои нѐ повредиле.
Исус води до нов однос, кој донесува мир, сака засекогаш да ја прекине вообичаената пракса – вчера како и денес – христијаните живеат според законот на одмазда, убивајќи или напуштајќи ги инвалидите или старите лица, отстранувајќи ги ранетите и немоќните и забавувајќи се со страдањата нанесени на животните – напомена Светиот Отец и истакна дека тоа е поттик за крепоста милосрдие, сочувство, доброто на ближниот да ни биде на срце, како и сопсственото добро. Мирот не е едноставно изостанок на судири, туку секојдневно ангажирање кое е одбележано со милосрдие и добрина, најмногу кон оние кои поради нивната ситауција лесно се одбиваат и исклучуваат.
Таквото однесување не е на слаби луѓе – објасни Папата – туку на силни; тоа е однесување на мажи и жени кои сфаќаат дека не е потребно да се злоупотребува, понижува или измачува како би се чувствувале важни; напротив потребно е токму спротивното. Тоа однесување е пророчка сила на која нѐ научи Исус Христос, сакајќи да се поистовети со нив, покажувајќи ни дека служењето е вистинскиот пат.
Потоа Светиот Отец потсети дека Мозамбик поседува територија полна со природни и културни богатства, но и голем број на жители кои живеат под границата на сиромаштво. Понекогаш изгледа дека оние кои се приближуваат, наводно сакаат да помогнат, а всушност имаат други интереси. Многу е опасно да се прифати таа цена која мораме да ја платиме за надворешната помош – напомена Папата и додаде дека Исус нѐ поттикнува да бидеме протагонисти на друг начин на живот, преку семето на радоста и надежта, мирот и помирувањето.
Она што Духот побудува не е вонреден активизам, туку пред сѐ внимание кон другиот, признавајќи го и почитувајќи го како брат, така што неговиот живот и неговата болка ја чувствуваме како своја. Тоа е најдобар показател за откривање на сите идеологии кои сакаат да манипулираат со сиромашните, како и неправдата во служба на политички или лични интереси. Само така ќе можеме, каде и да сме, да бидеме семе и средство за помирување – истакна папата Фрањо во проповедта.
После светата Литургија Светиот Отец се заблагодари на сите кои со пожртвувана и тивка работа ја овозможија неговата посета во Мозамбик, на мозабискииот народ, ранет од ураганите, крвавите насилства и сиромаштво и повторно поттикна да се сочува надежта, да не се дозволи да им ја украдат. Имате многу причини за надеж! А најдобар начин за зачувување на надежта е да останете обединети како сите фактори кои ја помагаат би биле посилни за иднина со помирување и мир во Мозамбик – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк