Папата Фрањо: Литургиската реформа е неповратна

Папата Фрањо: Литургиската реформа е неповратна

„Со сигурност можам да потврдам со силата на научителската власт дека литургиската реформа е неповратна”. Ова го рече папата Фрањо во своето обраќање до учесниците на 68. Национална литургиска недела, организирана од Центарот за литургиска дејност кои ги прими на аудиенција на 24 август 2017 година во Ватикан. Во својот говор Папата се осврна на периодот на литургиската реформа започната со Вториот ватикански собор и ги потсети присутните дека Литургијата е “жива” и е “живот”, односно му припаѓа на народот, а не на свештенството, бидејќи е инклузивна и гради заедништво меѓу сите.

За папата Фрањо „денес уште треба да се работи во насока покажана од Соборот, совладувајќи го секој неоснован и површинск пристап, делумното прифаќање и пракса, кои ја отфрлаат самата литургиска реформа”. Според Папата не станува збор, „да се преиспита реформата, да се направи ревизија на донесените одлуки, туку да се запознаат подобро главните причини за неа и да се почитува дисциплината која што ја регулира. Според таа научителска власт и по овој долг пат, можеме да потврдиме со сигурност и со силата на научителската власт дека литургиската реформа е неповратна”, јасно истакна Светиот Отец.

„Жива литургија за жива Црква” беше централната тема за размислување за време на Националната литургиска недела. Затоа, повикувајќи се на темата, Папата потсети дека литургијата е жива поради реалното присуство на Христовата тајна. Она што ја одредува литургијата е осветеното свештенството на Христос, принесувањето на неговиот живот. Меѓу видливите знаци е олтарот, знак на Христос, живиот камен, центарот кон кој во нашите цркви е насочено вниманието, помазан со помазанието и кон кој се насочува погледот на свештеникот и верниците”.

Но литургијата е исто „живот” за целиот народ на Црквата и е „народна”, а не „клерикална”, бидејќи е дејство на народот: тоа е дејство на Бог кон својот народ, но исто е и дејство на народот кој го велича и го слуша Бог. Затоа Црквата ги прифаќа сите, никој не отфрла, големи и мали, „праведни и грешници”. Од истата причина Литургијата е инклузивна и не исклучува, бидејќи создава општење со сите, но без да изедначува и ги повикува сите да го градат телото на Христос”.

Литургијата – истакна папата Фрањо – „е живот, а не идеја која треба да биде разбрана или ритуал кој треба да биде извршен, туку е искуството што се живее, односно го преобразува нашиот начин на живот и размислување. Постои голема разлика помеѓу тоа да кажеме дека Бог постои и да се чувствуваме дека Бог нè љуби, такви какви што сме, сега и овде. На овој начин ритуалите и молитвите стануваат училиште на христијанскиот живот “.

Ете зошто – истакна папата – „Црквата е навистина жива, која со Христос обликува само едно живо битие, таа е носителка на живот, ако е мајчинска, мисионерска ако излегува во помош на ближниот, а при тоа служи без да бара световна власт, која пак ја прави стерилна” – истакна Папата.

На крајот папа Фрањо потсети дека богатството на Црквата, како “католичка”, ги преминува границите на римскиот обред кој иако е најраспространет, не е единствениот. Складноста на обредните традиции на Исток и Запад го дава гласот на единствената Христова Црква, која моли”. – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот