Папата Фрањо: Како може да се очисти храмот?

Папата Фрањо: Како може да се очисти храмот?

Будност, служење, бесплатност: тоа се трите збора кои папата Фрањо ги нагласи во својата проповед во капелата на домот Света Марта на 24 ноември 2017 година, коментирајќи ги двете литургиски читања: првото од Првата книга Макавејска, а другото од Евангелието според Лука, чија заедничка тема е чистењето на храмот. Како што Јуда и неговите браќа повторно го посветиле храмот, кој бил обесчестен од паганите, така и Исус ги исфрли трговците од домот на Јахве, кој го претворилe во разбојничка пештера.

Како може да се очисти храмот Божји? – праша Папата и одговори: Со помош на будноста, служењето и бесплатноста. Најважниот Божји храм е нашето срце, во нас живее Светиот Дух. Што се случува во нашите срца – праша Светиот Отец.

Дали имате научено да бидете будни во својата внатрешност како храмот во нашите срца би бил само за Светиот Дух? – праша Светиот Отец и продолжи со низа други прашања: Што значи да се исчисти храмот, внатрешниот храм и да се бдее? Дали сте внимателни на она што се случува во вашите срца: Кој доаѓа, а кој заминува…. Какви се вашите чувства, вашите размислувања: Дали разговарате со Светиот Дух: Дали го слушате Светиот Дух? Треба ли да бдеете, односно да се биде внимателен на она што се случува во нашиот храм, во нашата внатрешност.

Исус на посебен начин е присутен кај болните, кај оние кои трпат, во гладните и затворениците. Се прашувам: дали знам да го чувам храмот? Дали се грижиме за храмот со своето служење? Дали пристапуваме кон другите за да им помогнеме, да ги облечеме, да ги утешиме оние кои имаат потреба: Свети Иван Златоуст ги укорува оние кои давале големи прилози за украси, како физички би го разубавиле храмот, а не се грижеле за оние во потреба. Ги укорувал и им зборувал: „Не, тоа не е добро. Најпрво служење, а потоа украси“. Кога се приближуваме кон другите за да им служиме, за да им помогнеме, наликуваме на Исус кој е таму присутен.

На крајот бесплатноста папата Фрањо праша: Дали навистина е потребно да се има пари за да ги одржиме структурите, да се грижиме за издржување на свештениците? Одговорот на Папата гласи: Дајте бесплатно и Бог ќе даде сѐ што е потребно, Бог ќе даде сѐ што недостасува. Нашите цркви нека бидат цркви на служење и бесплатност – рече на крајот Папата.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот