Папата Фрањо: Исус не може да се спознае престојувајќи во „прва класа“, туку во секојдневниот живот

За да се спознае Исус, треба да си „преокупиран со Него“ – истакна папата Фрањо во проповедта на 26 септември за време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта. Исус не може да се спознае престојувајќи во „прва класа“, туку во секојдневниот живот – рече Папата додавајќи дека Исус може да се запознае со: умот, срцето и со дела.

 Кој е овој, од каде доаѓа? Коментирајќи го прашањето на Ирод од денешното Евангелие, Папата рече дека такво прашање може да се постави или од љубопитност или за сигурност. Читајќи го Евангелието, гледаме како некои почнуваат да се плашат од тој човек, бидејќи може да ги вовлече во конфликт со Римјаните. Се прашувале: „Кој е овој, па прави толку проблеми“, бидејќи Исус навистина „создавал“ проблеми – рече Папата Фрањо. Без проблеми не може да се запознае Исус. Се осудувам да кажам: Ако сакаш проблем, впушти се во запознавање на Исуса. Нема да имаш само еден, ќе ги имаш многу. Но тоа е патот за да се запознае Исус. Престојувајќи во „прва класа“, не може да се запознае Исус. Тој се запознава во текот на секојдневието. Ниту во удобноста ниту во библиотеката не може да се запознае Исус – рече Светиот Отец.

Секако, Исус може да се запознае во Катехизмот, бидејќи Катехизмот поучува многу работи за Него. Мораме да го проучуваме и запознаваме Исус. Проучувајќи го Катехизмот го запознаваме Синот Божји, кој дојде да нѐ спаси; ја сфаќаме целата убавина на историјата на спасение и љубовта на Отецот. А колку се чита Катехизмот на Католичката Црквата објавен пред дваесетина години? – запраша Папата.

Да, во Катехизмот може да се запознае Исус, но рационалното спознание не е доволно, тоа е само еден чекор. Исус треба да се спознае да се сфати во дијалог со Него, разговарајќи со Него, во молитва, на колена. Ако не молиш, ако не зборуваш со Него, тогаш не го познаваш. Знаеш многу за Исус, тоа е рационално спознание – проучување на Катехизмот, – но Исус треба да се спознае со срцето, во молитвата, во дијалогот со Него. Тоа доста ни помага, но и тоа не е доволно… Има и трет пат преку кој се спознава, а тоа е да го наследуваш. Треба да одиш, да одиш со Него, рече Светиот Отец.

Треба да одиш, одејќи да поминуваш низ улиците. Во делата треба да се запознава Исус. Исус вистински може да се спознае: со умот, срцето и преку налследување. Ако така го запознаам, тогаш ќе бидам со Него. Исус не може да се запознае ако не се „окупираш“ со Него, ако не си подготвен својот живот да го заложиш за Него. Како што многу се прашуваат исто така и ние: Кој е овој? Божјото Слово одговара: Сакаш ли да спознаеш кој е? Читај го она за кое Црквата ти говори за Него, разговарај со Него во молитвата и во животот оди со Него. Така ќе сфатиш кој е Тој. Тој е патот до спознание! Секој може да се определи – заклучи Папата.

К.мк/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот