Папата Фрањо: Исус е силата на Словото Божјо
Евангелието не се навестува уверувајќи со мудри зборови, туку со понизност, бидејќи силата на Словото Божјо е самиот Исус и Го примаат само оние со отворени срца – е пораката на папата Фрањо на светата Литургија на 1 септември во домот Света Марта, по летната пауза.
Коментирајќи ги читањата од денот Папата го објасни Словото Божјо и како да се прифати. Свети Павле ги потсетува Коринтјаните дека не им го навестувал Евангелието со возвишена проповед или мудрост:
„Павле вели“: Но јас не дојдов кај вас за да ве уверам со аргументи, со зборови и со убави фигури… Не. Дојдов кај вас во поинакво својство и со поинаков стил. Дојдов да ви го соопштам Духот и Неговата сила. Затоа вашата вера не се темели на човечка мудрост, туку на Божја сила. Така Словото Божјо е поинаква работа, работа која не е иста со човечкото слово, зборови, мудрости, зборовите на науката, зборовите на филозофијата… не: таа е поинаква работа. Доаѓа во поинакво својство“ – рече Папата.
Што се однесува до Исус, кога ги коментира Писмата во синагогата во Назарет: неговите сограѓани на почетокот му се восхитуваат, но потоа разбеснуваат и барат да го убијат: „Поминале од едната страна на другата – објаснува Папата – токму „затоа што Божјото Слово е различно од човечките зборови.“ Всушност, Бог им зборува во Синот, „т.е. Словото Божјо е самиот Исус“ и Исус е „повод за соблазна“. Крстот Христов соблазнува. И ова е силата на Словото Божјо: Исус Христос, Господ.“ Заради тоа – истакнува Папата – толку е важно „во текот на денот да се прочита дел од Евангелието“:
„Не за да можеме да го научиме напамет, туку за да можеме да го пронајдеме Исус, бидејќи самиот Исус е во Своето Слово, во Своето Евангелие. Секогаш кога го читам Евангелието, Го пронаоѓам Исуса. Но, како да го примаме ова Слово – праша Папата. Треба да се прима онака како што се прима Исус, со отворено и понизно срце, во духот на блаженствата. Затоа што и Исус дојде на тој начин, во понизност. Дојде помазан со Светиот Дух“.
„Он е сила“ – продолжи Папата – „и Божјо Слово, бидејќи е помазан со Светиот Дух. И ние, ако сакаме да го слушаме и примаме Божјото Слово, треба да го молиме Светиот Дух и да го бараме ова помазување на срцето кое е помазување на блаженствата. Срце какво што е срцето во блаженствата“:
Светиот Отец поттикна денес да се запрашаме: „Како го примам Словото Божјо? Како некоја интересна работа или затоа што тоа е живиот Исус, Неговото Слово? Дали сум подготвен да купам џебно издание и да го имам со себе – кога во текот на денот е можно нешто од него да прочитам, за во него да го пронајдам Исуса? Овие две прашања добро ќе ни дојдат. Нека Господ ни помогне“ – заврши Папата.
РВ/Д.И.