Папата Фрањо испрати 28 мисионери на Неокатекуменскиот пат
Во петок 14 февруари папата Фрањо во домот Света Марта ги прими на аудиенција одговорните на Неокатекуменскиот пат – Кико Аргуељо, Кармен Хернандез и отец Марио Пеци и ги испрати во мисија одговорните свештеници на 28 мисии “ad gentes” (за народот) во Европа и САД: Франција, Швајцарија, Австрија, Данска, Финска, Латвија, Косово, Холандија, Украина, Бугарија, Унгарија и Филаделфија во САД.
Во интервју за Радио Ватикан, одговорниот од Неокатекуменскиот пат Кико Аргуељо истакна: „Папата Фрањо на секој упати по некој збор го благослови, и нагласи „да одиме храбро напред“.
На прашањето на кој начин делуваат мисиите “ad gentes” ,Аргуељо истакна: „Овие мисии се прекрасни: се состојат од четири семејства, предводени од еден свештеник, кои одат во реони каде Црквата не е присутна, меѓу потполно секуларизирани луѓе кои сепак се многу задоволни од топлината на овие големи семејства и натприродната врска меѓу семејствата и Светиот Дух: тоа остава впечаток кај луѓето и тоа е мисијата “ad gentes”. За да можат луѓето да веруваат дека Отецот го испрати својот Син да го спаси светот, треба го види односот на Божествената Троица. За да се постигне единството, треба да се започне од почетокот, Крштението.
РВ/го*ко