Како човек на Црквата, нунцијот не се претставува себе си, туку Црквата и посебно Петровиот наследник
На 13 јуни 2019 година папата Фрањо во аудиенција ги прими апостолските нунции од целиот свет. Светиот Отец им го подели напишаниот текст за да им биде како компас за ориентација во посланието и своевиден декалог. На средбата која се одржува од сабота, и се одржува по желба на Папата од 2013 година секоја трета година. На оваа средба присуствуваат 103 папски претставници, од кои 98 се апостолски нунции и 5 постојани набљудувачи. Нунцијот е повикан да биде Божји човек, претставник на Црквата и Папата и неговото послание е неспојливо со критикување на Папата, поседување блогови и припаѓање на групи, кои се против Црквата и Папата – напиша папата Фрањо.
Нунцијот мора да ја брани Црквата од силите на злото, кои сакаат да ја клеветат – напиша Папата и истакна: Повикан е да не биде заведен од световните вредности, да биде внимателен на даровите кои претставуваат опасност, повикан е на апостолска ревност, не паѓајќи на „политичката коректност“, повикан е да биде човек на помирување, да се сретнува со луѓето и да не се затвора во нунцијатурите. Неговото послание треба да го просветлува светлото кое доаѓа од блискиот однос со Исус. Без молитва се станува само службеник, секогаш незадоволен и несреќен. Сето тоа треба да му служи за навестување на Радосната вест, како би го осветил светот со светлото на Воскреснатиот.
Како човек на Црквата нунцијот не се претставува себе си, туку Црквата и посебно Петровиот наследник – напиша Папата и напомена: Но престанува да биде човек на Црквата кога ќе започне лошо да се однесува кон своите соработици. Потребно е да им се помогне на секретарите и советниците да се развијат во дипломати и во идни нунции. Лошо е да се гледа нунциј кој бара луксуз, додека има луѓе кои се лишени од најпотребното. Се работи спротивно на сведоштвото, затоа што на човек од Црквата најголема чест е да се биде слуга на сите.
Својот силен говор до папските претставници Папата го заврши со една „Литанија за човечност“ од слугата Божји, кардинал Рафаел Мери де Вал, државен секретар и соработник на папата Пиј X. Таа молитва го одбележа говорот на Светиот Отец и ги поттикна присутните да го бараат Исус како би биле слободни од желбата да бидат почестувани и љубени, и од стравот да не бидат исмеани и навредувани. Тоа е молитва која покажува на христијанската понизност и љубов.
Ватикан њуз/к.мк