Папата Фрањо: Бог има замисла за мир во Либан

Папата Фрањо: Бог има замисла за мир во Либан

Како што најави папата Фрањо за време на Генералната аудиенција, во петок 4 септември во Бејрут по повод „Денот на молитва и пост за Либан“ го предводеше кардинал Пиетро Паролин. Ти го доверуваме Либан како би го исполнил својот повик за мир и братство – стои во молитвата на папата која ја прочита кардинал Паролин.

Станува збор за кратка порака во која се чувствува љубовта на Папата, а уште повеќе посебната Божја љубов кон таа земја, која повторно се соочува со тешки моменти од својата историја.

„Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.“ Со тие зборови од книгата на пророкот Јеремија (29,11) започнува пораката на Папата која ја напиша по тој повод. Сегашните прилики, како и случувањата со либанскиот народ во минатото, изгледаат спротивни на тоа ветување. Но, папата Фрањо поттикна на доверба во Божјата верност. Господи, ти веруваме дека бдееш над своето Слово како би го исполнил – пишува Папата – и се надеваме против секоја надеж или несреќа.

Пораката на Папата е молитва, благодарност и молба. Ти благодариме за твојата љубов која ја покажа преку солидарноста на многу луѓе. Ти ја доверуваме својата земја, Либан, со нејзиниот народ, нејзините верски и политички водачи и нејзините млади, секој нека го исполни својот повик на мир и братство на кој ги повика – стои во пораката на Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот