Папата Фрањо за 1-ви Мај: Работата значи учество во Созданието
Ватикан, 1.5.2013 /к.мк/ – На Генералната аудиенција во среда, папата Фрањо кажа јасно „не“ за работа, која преминува во ропство и која мисли егоистично само на профит. Работа значи многу повеќе, да се учествува во планот на Созданието, рече тој на преполниот плоштад Свети Петар. Евангелието известува, дека луѓето се чуделе кога пред нив стоел „Син на столар“. Јосиф беше работник и го научи Исус на робота. Јосиф – денешниот светец, го штитеше малиот Исус во детството, но исто така и го воведува во светот на работата, напорот, маката и задоволството, но и тешкотиите во секојдневието.
„Тоа нѐ потсетува на достоинството и важноста на работата. Првата книга Мојсеева опишува, дека Бог го создаде човекот и му даде задача да ја наполни земјата и да ја потчини, што не значи да ја искористува, туку да ја култивира и штити, да се грижи за неа. Работата е дел од Планот на љубовта Божја; повикани сме сите добра на созданието да ги зачуваме и така да имаме дел од него!
Работата значи повеќе достоинството на еден човек, вели Папата. Тоа достоинство нѐ прави слични на Бог, кој работи и секогаш работи. Тој мисли на сите луѓе, посебно на младите, кои немаат работа – пред сѐ, бидејќи во општеството преовладуваат само економските интереси и егоистичкиот профит.
„Би сакал да имате солидарност со таквите и ги повикувам одговорните за добро на заедницата, да се обидат, да поттикнат повеќе вработувања. Тогаш тоа значи завземање за достоинството на човекот.“
Потоа Папата рече: Не секоја работа е нужна за достоинсвото: „Сакам да додадам неколку збора за една посебна ситуација, која ме загрижува: она што се нарекува ропска работа. Колку само луѓе на светот се жртви на оваа модерно ропство, во кое човекот и служи на работата, а не обратно. Ги повикувам сите браќа и сестри да се спротивстават на трговијата со луѓе, на која припаѓа и модерното ропство.“
Јосиф работник, кој денес на 1-ви мај се слави со Марија имаат еден заеднички фокус на внимание: Исус. И мислењето и зборувањето за работата треба да се концентрирани на него.
Секој од нас, пред се младите луѓе треба да се запрашаат: Колку простор му давам на Бог? Имам ли време да зборувам со Него? Да мислиме повеќе на Него во нашето секојдневие!
Кон крајот на својот говор Светиот Отец потсети на месец мај и за важноста и убавината на светата Бројаница. Молејќи Радувај се Маријо, поттикнати сме да размислуваме за таинството на Исус, односно за централните моменти од неговиот живот, со тоа што тој, како кај Марија и Јосиф, ќе биде во центарот на нашите мисли, нашето внимание и нашите дела. Би било убаво, посебно во овој месец, да молиме заедно во семејството, со пријателите, во парохијата света Бројаница или некоја друга молитва посветена на Исус и Богоордица,! Заедничката молитва е скапоцен момент семејниот живот и пријателства да се зајакнат. Да научиме повеќе да молиме во семејствата и како семејство!
Драги браќа и сестри, да молиме до свети Јосиф и Дева Марија да нѐ научат да бидеме верни на своите секојдневни обврски, да ја живееме нашата вера во секојдневната работа и да му дадеме повеќе простор на Господ во нашиот живот, да застанеме и да размислуваме за неговото лице. Благодарам! – заврши папата Фрањо.
(С.мит+го*ко)