Папата Фрањо: За плодност е потребна понизност

За плодност е потребна понизност – нагласи папата Фрањо на проповедта на светата Литургија на 19 декември, велејќи дека треба да се чуваме од гордоста затоа што нѐ прави неплодни.

Често во Библијата сретнуваме неплодни жени на кои Господ и го дал дарот – живот – рече Папата коментирајќи ги литургиските читања, посебно делот од Евангелието кој говори за неплодната жена Елисавета која роди син Иван. Од неможноста да даде живот, доаѓа живот – рече Папата додавајќи дека тоа се случило на неплодната и безнадежната жена, како Ноемина која на крајот добила внук:

Бог интервенира во животот на тие жени за да ни каже: Способен сум да подарам живот. А кај пророкот имаме слика на пустина; во пустината не може да растат стебла, не можат да дадат плод; во неа не може ништо да никне. Но пустината ќе стане како шумата – велат пророците – ќе биде голема и ќе процвета. А може ли да процвета пустина? Може. Може ли неплодна жена да роди дете? Може. Божјото ветување е: Јас можам! Можам да направам од сушата, од вашата суша, да израсне живот, спасение. Можам да направам неплодната земја да роди плод – објасни папата Фрањо.

А ова е спасение: Божјот зафат нѐ оплодува, нѐ оспособува за дарување живот. Тоа не можеме сами да го направиме, според многу размислувања дека можеме сами да се спасиме. Исто така и христијани, пример подржувачите на пелагијанизам. Но се е милост. Божјиот зафат ни донесува спасение, ни помага да одиме по патот на светоста. Едниствено Он може – рече Папата прашувајќи:

Што можеме ние? Прво: да ја признаеме сопствената сувост, немоќноста да подариме живот. Да го признаеме тоа. Второ: да молиме: Господи, сакам да бидам плоден. Сакам мојот живот да дарува живот, мојата вера да биде плодна, да оди напред и да можам да ја предадам на другите. Господи, неплоден сум, јас не можам, но Ти можеш. Јас сум пустина, затоа не можам, но Ти можеш – истакна Светиот Отец.

Токму ова може да биде молитвата овие денови, пред Божиќ. Замислете како се погодени горделивите, оние кои мислат дека сами можат да направат сѐ. Говорејќи за ќерката на Саул, рече дека не била неплодна, туку горда; таа не сфаќала што значи да му благодариш на Бог, напротив се исмејувала затоа била казнета со неплодност – рече Папата.

За плодност е потребна понизност. Колку луѓе веруваат дека се праведни, како ќерката на Саул, а на крајот се бедници. Треба да бидеш понизен и да му кажеш на Господ: Господи, неплоден сум како пустина и овие денови со Црквата моли „О антифоне, О, Сине Давидов, о Адонај, о Мудрост, o Јесеев корен, о Емануил, дојди подари ни живот, дојди спаси нѐ, затоа што Ти единствено можеш, јас сам не можам! Во таа понизност неплодните души, треба да молат милост за да можат да процветат, да донесат плод и да даруваат живот – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот