Папата Фрањо за Денот на планетата Земја: Треба да се обнови односот на човекот со созданието
На 22 април 2021 година во целиот свет се одбележа Денот на планетата Земја на тема: „Да ја обновиме нашата Земја“. Целта кон која се стреми меѓународната заедница е повторно воспоставување на одржлив однос со созданието.
Ги прекинавме врските кои не поврзуваа со Создателот, со другите човечки битија и со остатокот на созданието. Потреба ни е обнова на тие расипани односи кои се важни за одржување на нас самите и на целото животно ткиво – со таа порака на Твитер на својот профил, папата Фрањо ја истакна одговорноста на човекот во односот со природата, на денешниот Светски ден на планетата Земја кој оваа година на посебен начин како никогаш досега и се повикани сите држави посебно оние индустрајализираните на заедничко ангажирање за да се запре непромислено искористување на богатство на нашата планета.
По тој повод на 22 и 23 април се одржува виртуелен состанок за климата на кој учествуваат 40 светски лидери токму во моментот кога американскиот претседател Џо Бајден ја изрази намерата за повторно пристапување на САД на Парискиот договор за климатските промени од 2015 година кој го напуштија во 2018 година. Тоа е еден вид на подготовка за Конференцијата за климатските промени COP 26 која оваа година ќе се одржи во Глазгов од 1 до 12 ноември.
Папата Фрањо секогаш сакал да се воспостави сојуз помеѓу човекот и животната средина што е всушност облик на поимот „целосна екологија“, кој веќе насекаде е познат благодарение на енцикликата Лаудато Си. Се што се случува од пандемијата до климатските промени е важно за секој аспект на животот на најсиромашните и наслабите – често истакнува папата Фрањо повикувајќи на одговорност во промовирањето на заедничко и солидарно ангажирање, култура на грижа која во центарот го става човековото достоинство и општото добро. Праведноста, еднаквоста, сигурноста од аспект на животната средина за папата Фрањо се неизоставни приоритети.
Намалувањето на емисиите на стакленичките гасови, рационално искористување на богатствата и другите иницијативи треба да се стават во пракса за да се прекине постојаното труење на земјата. Светиот Престол се ангажира – напоменува Папата, за тоа државата градот Ватикан пред 2050 година да ја сведе емисијата на штетните гасови на нула, зголемувајќи ги напорите во одржувањето на животната средина што се спроведува веќе неколку години а кои ја прават можна разумната употреба на природните извори како што се водата и енергијата, енергетската ефикасност, ја одржува мобилноста, пошумувањето и циркуларната односно кружната економија и во решањето на проблемот со отпадот.
Станува збор за покренување на серија акции кои произлегуваат од целосната екологија, вредност за која папата Фрањо бара посебно воспитание за грижата за заедничките добра да се стави на прво место во навионалните и меѓународните политики за да поддржува одржливо производство во земјите со ниски примања, делејќи ги соодветните напредни технологии. Затоа политичките и техничките мерки треба да се поврзат за да се оствари воспитниот процес кој го поддржува културниот модел на развој и одржливост фокусиран на братството и на сојузот помеѓу човекот и животната средина. Дојде моментот за промена на насоката – истакнува папата Фрањо. Да не им ја скратуваме на новите генерации надежта во подобра иднина.
Ватикан њуз/к.мк