Папата Фрањо: Животот е свет

Животот е свет и неповрделив, рече папата Фрањо во говорот пред претставници од Италија на Движењето за живот кои на 11 април ги прими во аудиенција на чело со европарламентарецот Карло Касини. Папата им заблагодари за нивната служба, поттикнувајќи ги храбро и со љубов да го бранат човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт.

Папата во говорот се осврна на сфаќањето за човечкиот живот, велејќи дека односот кон животот зависи од тоа како животот се сфаќа. Ако животот се сфаќа како потрошен материјал тогаш ќе биде нешто што порано или подоцна ќе може да се фрли, на пример абортус. Ако животот се гледа во неговата вистина – дар Божји – тогаш сме пред скапоцено и недопирливо добро, кое со сите средства секогаш треба да го штитиме. Папата во говорот се осврна на апостолското писмо Радоста на Евангелието, велејќи дека е засновано на темелното уверување кое што учителството на Папите секогаш го повторува.

Човечкиот живот е свет и неприкосновен. Секое цивилно право се потпира на признавање на првото и основно право – правото на живот (…). Денес треба да се спротиставиме на економијата на исклучување и неправда. Таквата економија убива… Човечкото битие се смета за потрошен материјал кој може да се користи и потоа да се фрли. Започнавме култура на отфрлање која дури се промовира и така се отфрла животот – истакна папата Фрањо.

Помеѓу економијата и моралот – рече Светиот Отец – денес постои развод, рамнотежата ја надминува пазарот обезбеден со сите технолошки новини, додека основните етички норми сѐ повеќе се неприфатливи на човечката природа, речиси отфрлени. Затоа е потребно да се спротивставуваме на директен напад на животот, посебно на невиниот и без одбрана, а нема ништо поневино од детето во мајчината утроба. Да се присетиме на зборовите од Вториот Ватикански собор: еден зачнат живот со најголема грижливост треба да се заштити; абортусот и чедоморството се одвратни злосторства – рече Светиот Отец.

По гласниот аплауз на присутните и писоците на бројните деца и доенчиња во мајчините раце, Папата се пошегува велејќи дека помислил како да влегол во детска градинка, а потоа раскажа што му се случило на средбата со лекарите. Еден ме повика на страна. Имаше пакет во рацете и ми рече: „Оче ова сакам да ви го оставам на Вас.“ Овие се направи кои ги користев при абортусот. Го сретнав Господ, се покајав, а сега се борам за животот. Ми ги предаде сите инструменти, молете се за тој добар човек – поттикна Папата.

Папата од срце им заблагодари на членовите на Движењето за живот, на управителите на центарот за помош и сите кои го подржуваат проектот „Еден од нас – за заштита на човечкиот ембрион“. Вие се однесувате христијански, а христијанинот е должен да сведочи, да го промовира и да го брани човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт. Животот мора храбро да се заштитува во сите негови периоди. Ве поттикнувам тоа секогаш да го правите со својата близина и љубов: за секоја жена да почувствува дека е личност која се слуша, се прифаќа и се следи. Зборувавме за децата: овде ги има многу. А јас би сакал да зборувам и за дедовците и бабите, другата страна на животот. Бидејќи треба да се грижиме за нив, затоа што децата како и дедовците и бабите се надеж, заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот