Папата Фрањо е поканет во Јужна Кореја на Азискиот ден на млади

Азискиот ден на млади ќе се одржи во Јужна Кореја од 13 до 17 август оваа година, а Ватикан објави дека Светиот Отец размислува да ја посети таа земја.

Тема на средбата е: „Млади во Азија: Разбудете се! Ве осветлува славата на мачениците“. Во видеото направено по тој повод, подготвено од бискупијата Дежеон, се опишува животот на илјадници маченици гонети поради верата.

Петдневниот настан ќе биде можност младите повторно да ги откријат корените на својата вера преку бројни работилници, поклоненија и молитва.

Ова ќе биде шести Азиски ден на младите, првиот е одржан во Тајланд 1999 година, а последниот на Филипинита во 2009 година.

Се очекува на настанот да присуствуваат околу 2000 млади, но евентуалното доаѓање на Папата, бројот сигурно дека ќе се зголеми. Со тоа ќе стане и првиот папа кој ќе ги присуствува на Азиски ден на млади.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот