Папата Фрањо: Еден христијанин не може да биде антисемит

Ватикан, 25.6.2013 /к.мк/ – Еден христијанин не може да биде антисемит”: ова го рече Папата Фрањо на средбата со членовите на „Еврејскиот меѓународен комитет за меѓуверски консултации” (International Jewish Committee on Interreligious Consultations), кои беа примени на аудиенција од папата Фрањо во понеделник 24 јуни. Оваа прва средба на Папата со официјална група од претставници на еврејски организации и заедници во светот беше повод за потсетување на долгите пријателски односи меѓу христијаните и Евреите и можност за охрабрување за да се продолжи по започнатиот пат.

Во говорот Папата потсети на 40 годишниот дијалог меѓу христијаните и Евреите и на неколку пати Папата ги употреби зборовите „постари браќа” и „шалом”. За него, главен ориентир и основа за односите меѓу Католичката црква и Еврејската заедница е Декларацијата од Вториот ватикански собор „Нашето време“ (Nostrae Aetate), а исто така потсети на средбите на ватиканската комисија за односи со Евреите, како и следната средба, која ќе се одржи во октомври во Мадрид на тема: „Предизвиците за верата во современите општества”.

Со зборовите од соборките документи Црквата препознава, дека според Божјото спасително таинство, почетоците на својата вера и избор ги пронаоѓа кај патријарсите, кај Мојсеј и пророците. Поврзано со еврејскиот народ, соборскиот докуметн потсетува на науката на свети Павле, според кој „даруваната благодат и Божјиот повик се неотповикливи“. Покрај тоа се осудени омразата, прогонствата и сите форми на антисемитизам. Врз основа на нашите заеднички корени – заклучи Папата – еден христијанин не може да биде антисемит “.

Имено соборските принципи се основа за „поголемото запознавање и взаемно разбирање”, додаде папата Фрањо, потпомогнати во последните десетина години од низа докумнети декларации и важни гестови од страна на претходните папи. Но тоа е само „видливиот дел на едно големо движење, развиено на локално ниво низ целиот свет”, продолжи Папата. Тој потсети на своето лично искуство во дијалогот со евреите:

„На многу пати сме разговарале за заедничките предизвици пред Евреите и христијаните – рече Папата. Но пред сè, како пријатели, уживавме во присуство на другиот, а преку средбите и дијалогот меѓусебно се збогатувавме со чувство на взаемно прифаќање, што ни помогна да раснеме како луѓе и верници”.

За Папата, ваквите средби се остваруваат во многу делови од светот и се „основа за официјалниот дијалог”. Затоа ги охрабри претставниците на еврејските заедници да продолжат по започнатиот пат, обврзувајќи ги новите генерации:

„Човештвото има потреба од нашето заедничко сведоштво во заштита на достоинството на мажот и жената, создадени според Божјиот лик и подобие, како и во заштита на мирот, кој пред сè е дар Божји”. Папата заврши со зборовите на пророкот Еремија: „Само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж“ (Еремија 29,11). (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<