Папата Фрањо: Евангелската послушност на Иван ХХІІІ е пример за современата Црква

Ватикан, 4.6.2013 /к.мк/ – „Чувајте го неговиот дух, подржувајте ја неговата светост и проучувајте ја длабочината на неговиот живот“: тоа беше повикот на папата Фрањо на крајот на Литургијата, кој ја служеше во понеделникот вечерта, 3 јуни во ватиканската базилика Свети Петар по повод 50 годишнината од смртта на својот сакан претходник Иван ХХІІІ. На крајот на Литургијата епископот на Бергамо го покани папата Фрањо да го посети градот, во близина на населбата „Сото ил Монте“ каде е роден Анџело Ронкали (Иван ХХІІІ).

Во проповедта Папата потсети на животот и духовниот пат на блажениот Анџело Ронкали, опфатен во неговото епископско мото: „Послушност и мир“. Тоа го одразува неговото внатрешно расположение и надворешна карактеристика што прават од него „пастир и татко“ за целиот свет кој може да стигне до срцето на „толку различни луѓе, па дури и на нехристијани“, истакна Папата.

„Анџело Ронкали умееше да го пренесува мирот; природен, ведар и срдечен мир – рече Папата. Оној мир кој со неговото избирање за Петров наследник се објави на целиот свет и го доби името на добрината“.

„Колку убаво е да сретнеш добар свештеник“, продолжи Папата, потсетувајќи на зборовите на свети Игнациј од Лојола, основач на Исусовците, кој дава една долга листа на потребни квалитети за еден висок достоинственик и завршувајќи вели: „ако ги немате, барем имајте голема добрина. За еден свештеник тоа е важното“.

Имено добрината и мирот се карактеристичните црти за личноста на Анџело Ронкали, рече Папата, што му овозможува да изгради здрави пријателства речиси насекаде каде што бил апостолски нунциј во периот од речиси три децении:

„Во тие средини тој се покажа како вешт ткајач на односи и убедлив залагач за единството во црковната заедница и надвор од неа, отворен за дијалог со христијаните од другите Цркви, со еврејски и муслимански претставници и со многу други луѓе со добра волја“, истакна Папата Фрањо.

Мирот на блажениот Иван ХХІІІ се раѓа во една мирна душа и е плод на долготрајна работа врз себе, на едно прогресивно прочистување на срцето кое остава траги во својот „Дневник на душата“.

„Гледаме, ден по ден, внимателно ги признава и победува желбите на сопствениот егоизам, размислува над вдахновението од Господ, оставајќи го да биде воден од мудрите духовни раководители и наставници како што се свети Фрањо Салешки и свети Карло Боромеј. Читајќи ги неговите белешки, добиваме слика како навистина да присуствуваме на обликувањето на една душа под влијание на Светиот Дух, кој пакј делува во својата Црква“.

Но средство за да го постигне мирот е неговата послушаност и внатрешната достапност за Господ, продолжи Папата. Послушаност, разбирање, конкретно како служење во Црквата без да бара нешто за себе, „дозволувајќи да се биде воден како дете“. Тоа е „неговиот свештенички пат“, кој го води како дипломат во Бугарија, Турција и Грција, а потоа епископ на Венеција и на крајот на Рим“.

„Преку таа послушност, истакна папата Фрањо – свештеникот и епископот Ронкали беше исполнет со најдлабока верност која можеме да ја дефинираме како што тој би рекол, како посветеност на Божјата промисла. Тој секогаш признава дека со таа вера во животот, надворешно е воден од другите, а не од сопствените интереси или на основа на својата духовна чувствителност. Бог го црти својот план. Тој беше „шефот и возачот“, но управуван од Светиот Дух. Заради послушноста“.

Тоа секојдневно предавање на Божјата волја, која папата Фрањо ја опиша како „евангелска послушност“, е вкоренето во светоста на Иван ХХІІІ во добрината и мирот што ги шири во светот и кои служат на секого и на денешната Црква:

„Ако се предадеме да бидеме водени од Светиот Дух и го убиеме нашиот егоизам, за да направиме место на љубовта и волјата Божја, тогаш ќе најдеме мир, ќе можеме да бидеме негови градители и да го браниме насекаде околу нас“, истакна папата Фрањо.

„Половина век по неговата смрт, мудрото и татковското водство на папата Иван ХІІІ, неговата љубов кон традицијата на Црквата и свеста за нејзината постојана потреба од обнова, како и пророчката интуиција за свикување на Вториот Ватикански собор, жртвувајќи го сопствениот живот за неговиот успешен завршеток, остануваат темели во историјата на Црквата во текот на дваесеттиот век и како светол светилник на патот што нѐ очекува“, заврши Папата. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<