Папата Фрањо до француски политичари

Папата Фрањо до француски политичари

Вредностите на слободата, еднаквоста и братството не треба да се истакнуваат на илузорен начин, туку треба да се земат во предвид во однос на нивниот трансцедентен темел – рече папата Фрањо примајќи во аудиенција 260 учесници на ходочастие на француски политичари.

Вредностите на слободата, еднаквоста и братството не треба да се истакнуваат на илузорен начин, туку треба да се земат во предвид во однос на нивниот трансцедентен темел; затоа различноста нека стане можност – рече папата Фрањо примајќи во аудиенција 260 учесници на ходочастие на француски политичари избрани во покраината Рона – Алпи кои во Ватикан ги придужуваше кардинал Филипе Барбарин, надбискуп на Лион заедно со епископите на таа покраина.

Треба да се бара и да се развива смислата за општото добро и за заедничкиот интерес. Папата Фрањо говорејќи на француските политичари се осврна на моменталните меѓународни можности обележани – како што рече – со фрустрации и стравови, зголемени со атентати и слепо насилство кои толку длабока ја растажија Франција.

Неспорно е дека француското општетсво е богато со потенцијали, различности кои се повикани да станат можности под услов републиканските вредности на слободата, еднаквоста и братството не само се истакнуваат на илузорен начин, туку подобро да се познаваат и разбираат во однос на нивниот вистински темел кој е трансцендентален.

Што се однесува до извршувањето на политичките одговорности, Папата поттикна да се придонесува за градење на поправедно, по човечко, гостољубиво и братско општество.

Во таа смисла нека вашето барањето на општо добро кое ве поттикнува, нека ве оспособи со посебно внимание да ги слушате сите луѓе кои живеат во неизвесност, не заборавајќи ги мигрантите кои побегнале од своите земји заради војна, беда или насилство – истакна Папата и на крајот работата на политичарите Папата ја довери на Христос, изворот на нашата надеж и нашето заземање во служење на општото добро.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот