Папата Фрањо до младите генерации: Не губете ја надежта пред несигурноста и пред проблемот на невработеноста

Папата Фрањо на 25 октомври упати порака до младите, учесници на националната средба во Салерно, во организација на Италијанската бискупска конференција, која се одржува од 24 до 26 октомври, на тема „Во несигурноста, надеж“. „Цел на овие денови на размислување е да се понуди поглед на надеж, посебно на младите генерации, во време што го одбележува несигурност, губитокот и големите промени“, пишува во почетокот од својата порака Папата.

„Од прва рака ја согледав ситуацијата на бројни млади невработени“, продолжува Папата, „но тоа не е само економски проблем, тоа е проблем на достоинство. Каде нема работа, недостасува достоинство; искуство на достоинство на „носење леб во домот“! „Да се работи значи да може да се планира сопствената иднина, да се одлучи да се формира семејство!“, истакна Светиот Отец.

„Постои силна „култура на отпад“: сѐ што не служи за заработка се отфрла. Се отфрлаат младите, бидејќи се без работа. Но така се отфрла и иднината на народот“, бидејќи младите претставуваат негова иднина. „На ’Културата на отпад’ треба да ѝ кажеме ’не’“, нагласи Папата во пораката.

„Тоа е ’несигурност’. Но има и друг збор, надеж. Во несигурноста, надеж“, пишува понатаму Папата, „Како во ’живиот песок’ на несигурност да не ни се украде надежта? Со силата на Евангелието. Евангелието е извор на надеж, бидејќи доаѓа од Бог, бидејќи доаѓа од Исус Христос, кој се солидализираше со секоја наша несигурност.“

„Вие, младите, припаѓате на Црквата“, додаде папата Фрањо, „и поради тоа имате дар и одговорност за спроведување на силата на Евангелието во оваа општествена и културна состојба. А што прави Евангелието? Евангелието раѓа чувствителност кон ближниот, култура на среќавање, солидарност. На тој начин, со силата на Евангелието, бидете сведоштво на надеж во несигурноста. Господ, нека ја благослови работата на оваа средба. Ве молам да се молите за мене и јас ќе се молам за вас!, заврши папата Фрањо.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот