Папата Фрањо до катехистите: бидете креативни сведоци на Евангелието

„Црквата не се раѓа преку прозелитизмот, туку преку сведоштво“. Со овие зборови Светиот Отец се обрати на 29 септември кон илјадниците катехисти од целиот свет со кои се сретна во ватиканската сала „Павле VI“ на „Денот на катехистите“ по иницијатива на Папскиот совет за нова евангелизација во Годината на вера. За да сте вистински катехисти, рече Папата, „е потребно е блискост со Господ. Првата важна работа за еден ученик е да биде со Учителот, за да Го слуша и да се учи од Него“. Тоа, истакна Папата, е „пат кој продолжува низ животот“.

Да помагаш на децата, на младите и на возрасните да се запознаат и да Го сакаат повеќе Господ – појасни Папата ,нешта со кои се идентификува „катехистот“, е една од најубавите воспитни авантури со кои се гради Црквата. Но затоа е потребно да „бидеме катехисти“, а не да „работиме како катехисти“. „Неопходно е да се проповеда со зборови Евангелието, но пред сè преку сведоштвото“, рече Папата цитирајќи го свети Фрањо. Затоа, истакна тој, треба да имаме блискост со Христос и да дозволиме да нѐ гледа“:

„Дозволуваш ли на Господ да те гледа ? Тој нѐ гледа и тоа е еден начин на молење. За мене, на пример, е многу важно да застанам во молитва пред Кивотот; тоа е начин да бидеме во присуство на Господ, да дозволиме да нѐ гледа. Тоа го загрева срцето, го одржува запален огнот на пријателството, па така чувствуваш дека Тој навистина те гледа, дека е блиску до тебе и те сака“.

Папата се обрати кон оние катехисти, мајки и татковци, чии семејни обврски понекогаш не се комбинираат со контемплативен живот:

„Разбирам дека за вас не е толку едноставно: особено за брачните двојки со деца е тешко да се најде за подолго време спокојство. Но ,фала му на Бог, не е потребно сите да го прават на ист начин работите; во Црквата постои голема разновидност од чинови и духовни форми. Најважно е да се најде вистинскиот начин да бидеме со Господ и тоа е можно во секоја животна ситуација“.

Кој го става Христос во центарот на својот живот, појасни папата Фрањо, се децентрализира и се отвора за другите во динамиката на љубовта, чие движење е слично на чукањето на срцето:

„Срцето на катехистот живее секогаш во тоа движење на „олабавување и стегање“ (систола – дијастола): соединување со Христа и средба со ближниот. Ако недостасува една од овие две движења, срцето престанува да чука“.

Евангелското известување за Христовото воскресение е дар кој ја раѓа мисијата и нѐ турка да излеземе надвор од нас:

„Катехистот е свесен дека добил еден дар, дарот на верата и го дарува како дар на другите. Тоа е многу убаво. Не треба да присвои ништо за себе! Сè што добива, дарува. Тоа не е една зделка, туку е добиен и предаден дар“.

Папата ги повика катехистите да не се плашат да се упатат со Исус кон периферијата и го цитираше примерот на пророкот Јона , приказна во Стариот Завет, кој е исплашен од повикот на Бог да отиде да проповеда во Нинивијците надвор од неговата безбедност и скиците за периферијата на неговиот свет. За да бидеме верни, охрабри Папата „треба да бидеме способни за промени“:

„Ако еден катехист му овозможи да го опфати стравот, тој е кукавица; ако е неактивен станува музејска статуа; ако е строг станува стерилен. Запрашајте сѐ: некој од вас сака да биде кукавица, музејска статуа или стерилен?“.

Затоа, истакна папата Фрањо, потребна е голема креативност и неустрашивост, за да се излезе од сопствените шеми: тоа е главниот белег на катехистот. Кога остануваме затворени во нашите програми, во нашите групи, парохии, движења, појасни Папата, „се случува она што се случува со секој човек затворен во соба: се разболуваме“:

„Илјадници пати повеќе сакам катехист што е подготвен да ризикува и да излезе за разлика од катехист, кој учи, сè знае, но е затворен и секогаш болен“.

Увереноста која треба да го придружува катехистот, додаде Светиот Отец е „дека Исус оди со нас и ни претходи. Дури и кога мислиме да одиме подалеку, во некоја далечна периферија, Исус е веќе таму“:

„Дали знаете која е периферијата за која најмногу ме боли? Кога децата не знаат да се крстат. Во Буенос Аирес има многу деца кои не знаат да се крстат. Таа е една периферија! Треба да се отиде таму! Исус е таму и те чека, за да му помогнеш на тоа дете да се научи да се крсти“.

Папата ја заврши својата катехеза заблагодарувајќи им на катехистите за нивното присуство и посака  „Дева Марија да ги придружува секогаш на нивниот пат“.

В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот