Папата Фрањо до Вербитите: Слушнете го повикот за леб и праведност

Папата Фрањо до Вербитите: Слушнете го повикот за леб и праведност

Папата Фрањо во аудиенција прими повеќе од 150 учесници на Генералното собрание на Дружбата Божјо Слово, чии мисионери се активни на пет континенти.

Излезете како би ги сретнале браќата исклучени од општеството, слушајќи го крикот на оние кои бараат леб и праведност – е силниот поттик кој папата Фрањо го упати во петок 22 јуни 2018 година примајќи ги во аудиенција учесниците на Генералното собрание на Дружбата Божјо Слово. Станува збор за машка монашка заедница, која во 1875 година ја основал свети Арнолд Јансен, како би образувал мисионери за да ги испрати во светот. Папата во говорот, кој го одржа на шпански јазик, ги повика монасите да бидат цврсто всадени во сопствените корени и дека одат кај браќа кои имаат егоистични интереси, кои се препуштени на судбината, како би им помогнале да ја почувствуваат присутноста на Бог, кој доаѓа кога ќе се сретнеме со нив

И таму сте испратени да го остварете духот на Блаженствата и тоа преку делата на милосрдие – рече Папата и објасни: Слушајќи и одговарајќи на крикот на оние кои бараат леб и праведност, донесувајќи мир и целосен напредок на оние кои бараат достоинствен живот; утешувајќи и давајќи причина за надеж на бројните мажи и жени на нашето време кои живеат во тага и страдање… Нека тоа биде ориентир кој ќе ги води вашите чекори како браќа мисионери.

Доверба

Папата во својот говор потоа посебно се осврна на три работи: доверба, навестување и братство. Светиот Отец пред сѐ истакна дека не треба да се плашиме и да се затвораме; не треба да ставаме препреки на делувањето на Светиот Дух, туку треба да се излезе без страв и да се сведочи радоста на Евангелието кое ги прави луѓето среќни. Таа доверба треба да се обновува секој ден – истакна Светиот Отец – и тоа преку Словото и по пат на светите Тајни.

Навестување

Освен тоа, важно е да се навестува Божјото Слово на сите луѓе, во секое време и на секое место, користејќи го секое можно средство – рече Папата. Тешко на мене ако не го навестувам Евангелието; тие зборови на свети Павле мора и понатаму да горат како оган во срцето на секој монах Вербит – рече Папата. Токму вашиот основач мислел на вас како на мисионери ад гентес; послание кое не познава  ниту граници, ниту култури, бидејќи целиот свет е мисионерска земја – напомена Светиот Отец.

Братство

Важен е и видикот на братство – истакна Папата. Кога гледаме заедница во која свештениците, монасите и лаиците се чувствуваат членови на едно семејство, кога се љубат, тоа е најголемата евангелизација – истакна Папата и потсети дека на светот и Црквата ѝ е потребно да се почувствуава таа братска љубов и покрај различностите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот