Папата Фрањо доби нов аргентински пасош
Според информациите на Аргентинското министерство за внатрешни работи, папата Фрањо доби нов пасош и нова лична карта. „Папата Фрањо лично замоли да не биде привилегиран, туку издавањето на документите да оди според вообичаената процедура, јавија од министерството во понеделникот. Во Рим папата Фрањо даде отпечаток од прстот, се потпиша и беше фотографиран.
Ресорниот министер Флоренцијо Рондацо изрази воодушевување од односот на Папата, кој е свесен дека во светот ќе патува како Аргентински државјанин. Овој гест на папата ја исполни земјата со голема гордост.
Ватиканските претставници барањето на папата Фрањо за издавање на нови Аргентински документи го објаснија како негов пријателски гест и израз на неговата поврзаност татковина. Неговите пасторални посети, како во Италија, така и во странство, сепак ги презема како Папа, поглавар на Католичката Црква и како највисок претставник на Светата Столица. Со овие наслови ќе патува и на неговото патување во Јордан и Изарел.
Папата Фрањо веќе уште како кардинал поседува дипломатски пасош на Светата Столица, потврди во вторник 18 февруари гласноговорникот на Светата Столица.
Катнет/го*ко