Папата Фрањо: „Да се убива во Божјото име е сатански“

На празникот Воздвижение на чесниот Крст (14 септември 2016 година) Светиот Отец во капелата на домот Света Марта служеше света Литургија задушница за отец Жак Хамел во заедништво со неговиот епископ и верници од француската бискупија Руен.

Како што веќе известивме отец Хамел е убиен во јули оваа година додека служеше света Литургија: денес Папата за него зборува како за маченик, а мачениците се блажени.

Папата во својата проповед размислуваше за крстот на Исус Христос во кој ја сфаќаме полнината на Христовото таинство, таинството на понизувањето и близината со нас. Тој иако Бог – сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек;“ (Филип. 2, 6-8) Христовото таинство, истакнува Папата, „е таинство кое поднесува мачеништво за спасение на луѓето. Исус Христос првиот Маченик, прв го дава животот за нас. А од Христовото таинство започнува целата историја на христијанското мачеништво од првите векови до денес.“

Првите христијани го исповедале Исус Христос плаќајќи со својот живот, потсетува Папата, „на првите христијани им е предложено отпадништво од верата, им говореле: „кажете дека нашиот бог е оној вистинскиот, а не вашиот. Пренесете жртва на нашиот бог или на нашите богови.“ Кога тоа не би го направиле, кога би одбиле отпадништво од верата, би биле убиени. Приказната се повторува до ден денешен. Денес во Црквата има многу христијански маченици отколку во првите времиња. Денес христијаните се убивани, мачени, затвoрани, заклани – затоа што не се откажуваат од Исус Христос. И овде доаѓаме до нашиот отец Жак: тој е дел од синџирот на маченици – за да не го негираат Исуса Христа, се покажува суровоста на прогонството. Суровоста која бара отпадништво од верата е сатанска, да го кажеме тоа јасно. Колку би било добро кога сите религии и вери би кажале: „Убивањето во Божјото име е сатански.“

„Отец Жак Хамел е убиен на Крстот додека ја славел жртвата на Крстот Христов,“ потсети Папата, опишувајќи го отец Жак како добар и кроток човек, човек на братство кој секогаш се трудел околу мирот, а убиен е како криминалец. Папата тоа го нарекува сотонска нишка на прогонство“. „Во тој човек кој го прифатил своето мачеништво со Христос на олтарот има нешто што силно ми дава да мислам – толкува Папата – среде трагедијата (…) кроток и добар човек, човек на братство – не ја изгубил луцидноста, го обвинил и јасно го кажал името на убиецот: „Отстапи сатанато!“

„Го дал животот за нас, го дал животот за да не го негира Исус. Го дал животот во истата жртва на Исусовиот олтар и од каде што го обвинил прогонителот: „Отстапи сатано“, повтори Папата.

Папата на крајот нè повикува преку тој пример за храброст и мачеништво, пример на дарување на животот за братството меѓу луѓето, да тргнеме понатаму без страв. Конечно Папата го препознава како маченик на кој мораме да се молиме – затоа што мачениците се блажени. Нека ни измоли кроткост, братство, мир и храброст за да ја кажуваме вистината: „Да се убива во Божјо име е сатански“ заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот